Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови |
Monday, 24 June 2024 12:19 |
Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската унија, има предвидено два повика за финансирање на локални организации со вкупен буџет од 250,000 евра. Првиот повик за предлози е планиран за септември 2024 година. Оваа активност директно ќе придонесе за зајакнување на локалните организации и нивната поврзаност со своите конституенти и ќе го стимулира нивниот придонес во заедницата и решавање на горливи локални прашања. Со цел приоритетите и другите карактеристики на повикот најсоодветно да одговараат на реалните потреби на граѓанските организации, ГРЦ подготви Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови. Ве молиме пополнете го прашалникот најдоцна до 28 јуни 2024 година. Пополнувањето на прашалникот ќе ви одземе околу 10 минути. Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови |