Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење PDF Print E-mail
Thursday, 20 February 2020 11:20

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапка за набавка на истражувања. Предмет на набавката се квантитативни и квалитативни истражувања кои ќе обезбедат информации за перцепцијата на граѓаните за важни теми поврзани со пристапниот процес во Европската Унија. 

Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „ЕУро фокус“, финансиран преку Нордиската поддршка за напредок на Северна Македонија, а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Рокот за доставување на понудите е 3 март 2020 г. (вторник) до 16:00 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. 

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во повикот. Понудата се поднесува исклучиво по пошта во запечатен коверт или кутија, затворени на начин кој со сигурност ќе потврди дека, при отворање на понудата, се отвора за прв пат. 

Целосни информации во однос на повикот, како и упатството за понудувачи за составување на понуда можете да ги најдете во Повикот за поднесување на понуди според постапка за набавка на големи вредности. Понуда за набавка со голема вредност треба да биде пополнета во Образецот за понуда.

Доколку имате проблеми околу преземањето на документите за поднесување на понуда или дополнителни прашања поврзани со повикот, може да се обратите преку е-пошта на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Референтен број: 09-110/4-2020.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Јавен повик за понуди бр. 09-110/4-2020 за избор на добавувач на истражувања на јавното мислење