ECOSCOC Functioning in the Republic of Macedonia for Period 1997-2007 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ECOSCOC Functioning in the Republic of Macedonia for Period 1997-2007 PDF Print E-mail

Автор: м-р Андон В. Мајхошев
Дата: 2008 година
ISBN: 978-9989-102-68-4

Функционирање на ЕКОСОК во РМ во периодот 1997-2007Трудот што е пред вас се обидува да го анализира функционирањето на трипартитниот социјален дијалог, односно Економско социјалниот совет од два аспекта: теорија и практика. Во него се прикажуваат од една страна европските стандарди и практики, а од друга страна уставните и законските решенија и ефективното функционирање на трипартитната институција Економско социјален совет во Република Македонија во периодот од 1997-2007 година. Основна причина за појавување на оваа книга е што сакав да се осврнам на ефектитe, функцијата и значењето на трипартитниот социјален дијалог помеѓу Владата, Синдикатот и Работодавачите како многу важна претпоставка за градење на социјална хармонија и индустриски мир во едно демократско општество. Дотолку повеќе што од достигнатиот степен на хармонизација на односите меѓу социјалните партнери зависи реалниот економски и социјален развој на едно општество.

Појавата на трипартитните тела и Економско социјалните совети, датираат од дваесетите години на минатиот век. Прва трипартитна институција во светот е МОТ која е формирана во 1919 година. Потоа следува формирање на Економско социјален совет во Франција во 1925 година, за да во 1945 година во рамките на ООН се формира посебно тело наречено Економско социјален совет. Позитивните резултати што ги постигнуваа овие институции на полето на ефективниот економски и социјален развој и почитувањето на човековите права на национално и глобално ниво ја предизвика и Европската економска заедница во 1958 година да формира Економско социјален комитет според францускиот модел. Процесот на економски и политички реформи во државите од т.н. реален социјализам го забрза формирање на трипартитни тела и во државите од Централна и Источна Европа.

Имајќи ги во предвид позитивните ефекти од функционирањето на голем број на трипартитни тела во развиените индустриски демократии, во Република Македонија за првпат трипартизмот се воспостави кон крајот на 1996 година со формирањето на Економско социјален совет. Користејќи разни научни методи во истражувањето го анализирав степенот на внатрешното и надворешно влијание на повеќе фактори кои што влијаат врз ефективното функционирање на Совeтот. Притоа дојдовме до релевантни податоци од кои извлековме реални заклучоци за ефектите од функционирањето на ова тело. Генерално, констатациите се дека во наведениот период Советот докрај не ги исполнил очекувањата, за што се утврдени одредени објективни, но и субјективни слабости. Оттука, доаѓа и потребата од коренити реформи во работата на оваа трипартитна институција, со цел ефектите значително да се подобрат, т.е. преку ова тело да се продуцираат усогласени јавни политики од економско-социјалната сфера кои во понатамошна законодавна процедура (Собранието) ќе се инкорпорираат во работното и социјално законодавство на државата.

На крајот од трудот, издвојувам одреден простор и на реформите на Советот, давајќи релевантни и реално поткрепени препораки во кои насоки да С9 движат промeните на оваа институција за подобрување на неговото ефективно функционирање. Ќе ми биде особено драго ако сознанијата и препораките во овој труд допрат до надлежните органи и институции и истите најдат соодветно место во практиката.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History