Стратегија за реформи во комуналниот сектор - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за реформи во комуналниот сектор - извршно резиме PDF Print E-mail

Врз основа на барањето на Министерстово за финанисии за изработка на стратегија за реформи во комуналниот сектор т.е. реформи на јавните комунални претпријатија, во текот на 2007 година распишан беше тендер за избор на консултант. Финанисер и одговорен за спроведување на проектот е Светска Банка која после спроведената тендерска постапка, кон крајот на 2007 година за носител на проектот ја избра Британската Консултантска компанија Economic Consultting Associates – ЕЦА (www.eca-uk.com). Покрај ЕЦА, во конзорциумот на проектниот тим вклучен беше и МЦМС како локален парнер. Преостанатите членови на конзорциумот беа БАР Е.Ц.Е од Македонија, ИГЕ Консалтинг од Унгарија и поголем број на индивидулни консуталнти и експерти од различни земји.

lrz401Општа цел на проектот е дефинирани стратешки насоки/опции за одржливи реформи на Јавните комунални претпријатија (ЈКП).

Цел на проектот е изготвена стратегија за реформи на комуналниот сектор во Република Македонија.

Целната група се сите општини и заедници во Република Македонија.

Директни корисници се Министерство за финанисии, Јавните комунални претпријатија, ЕЛС и другите релевантни министерства во Република Македонија.

Со проектот предвидено е МЦМС да биде одговорен за: Подготовка на инструмнети и прашалници за спроведување на истражувањето; Спроведување на истражувања и фокус групи; Анализи на истражувањето и резултатите од фокус групите; Мапирање на засегнатите актери; Фацилитација на работилници; Партиципација во изготвување на нацрт стратегијата; Осноси со јавноста (мал дел); Контрибуција во дијагностицирањето, Давање повратни коментари за финализирањето на стратегијата.

Во рамките на спрведување на истражувањето, предвидени се анкети на индивидуални корисници (домаќинства) и бизниси во 10 селектирани општини, кои ќе бидат примерок на ова истражување. Сите активности поврзани со оваа анкета ке бидат делгириани на ИССПИ, додека фацилитацијата на фокус групите и интервјуата со клучните актери, ке биде спроведено до страна на МЦМС.

Реализацијата на предвидените активности примарно ќе биде одговорност на МЦМС во блиска соработка со ЕЦА и другите проектни членови.

Временскиот период за реализација на проектот е од 28 јануари до 31 октомври 2008.
Буџетот на проектот изнесува 968,000 МКД.

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History