Документ за јавни политики: Извештај за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот јуни 2012 – декември 2014 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Документ за јавни политики: Извештај за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот јуни 2012 – декември 2014 PDF Print E-mail

Автор: Огненовска Симона
Дата: 2015 година
ISBN: 978-608-4681-29-8
PDF:  izveshtaj-za-sproveduvanjeto-na-strategijata-za-sorabotka-na-vladata-so-gragjanskiot-sektor.pdf

Izveshtaj za sproveduvanjeto na Strategijata za sorabotka na Vladata so gragjanskiot sektorВо јуни 2012 г. Владата со финансиска поддршка од Европската Унија ја усвои новата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017. Усвојувањето на новата Стратегија ја поттикна потребата од континуирано и редовно следење на спроведувањето на Стратегијата.

МЦМС водејќи се од својата долгорочна цел за придонес кон вкоренето и динамично граѓанско општество, кое активно влијае на јавните политики и фокусирајќи се на создавањето овозможувачка околина која го поддржува функционирањето и растот на граѓанските организации, го подготви овој документ за јавни политики со кој е опфатен периодот од јуни 2012 до декември 2014 г. Првиот Извештај за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, МЦМС го издаде во 2009 г., а спроведувањето го следеше и во 2011 г.

Половина (48%) од предвидените мерки во Стратегијата не бележат напредок. Одличен напредок бележат 10% од мерките, додека значителен напредок е постигнат кај 13% од мерките. Кај 13% од мерките има делумен напредок, и кај 12% има мал напредок. Само две мерки се во целост реализирани.

Одделението за соработка со НВО и Министерството за труд и социјална политика се издвојуваат како носители на мерки, по бројот на реализирани активности во рамки на акцискиот план.

Со цел постигнување ефикасност во спроведувањето на Стратегијата, која засега бележи различен степен на реализација по мерки, особено низок степен на реализација на клучните мерки за развој и одржливост на граѓанското општество, потребно е клучните институции вклучени во нејзиното спроведување да ги земат предвид препораките од досегашните извештаи и да направат дополнителни напори за нивна примена.

Граѓанските организации истовремено со своите иницијативи и активности можат да ја поддржат реализацијата на мерките и да поттикнуваат соработка со органите на државната управа за активностите утврдени во акцискиот план на Стратегијата.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History