Општа доверба и доверба во институциите 2024 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општа доверба и доверба во институциите 2024 PDF Print E-mail

Автор: Фанија Ивановска
Дата: февруари 2025
ISBN: 978-608-4848-62-2
PDF: opshta-doverba-i-doverba-vo-institucii-2024.pdf

doverba 2024Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството). Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, а која беше спроведена по десетти патна национален репрезентативен примерок.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година.

Поголем дел од прашањата се засновани на искуствата и глобалните истражувања за социо-културните норми: Европската студија на вредности; Европскиот барометар; и Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Другиот дел од прашањата се од претходните истражувања на МЦМС, кои ја испитуваа довербата и општествената одговорност на граѓаните.

Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Од 1.000 испитаници, 50,7% беа жени, а 49,3% мажи. Во однос на етничката застапеност етничките Македонци беа застапени со 73,4%, етничките Албанци со 19,5%, другите етнички групи беа застапени со 7,1%. Во однос на местото на живеење, селската популација беше застапена со 38,0%, додека градската со 62,0%. Целосен преглед на примерокот е даден во прилогот.

Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки. Исто така се прикажани покрај бројките и трендовите во однос на претходното истражување спроведено во 2021 година, за оние податоци кои се споредливи со нив. Исто така за подобрување на анализата на податоците се употребени одредени индекси.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Annual Reports