Дивите депонии - сериозен проблем за граѓаните на Боговиње - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дивите депонии - сериозен проблем за граѓаните на Боговиње PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 26 prill 2023 11:40

Здружението Интуита, на 16 март 2023 година, организираше јавна дебата и изложба на фотографии посветени на проблемите со комуналниот отпад и дивите депонии во населените места. Вкупно 15 учесници зборуваа за подигнувањето на свеста на граѓаните за овие прашања но, и за ангажманот на општината, особено затоа што овие прашања се дел од ветувањата и програмата за работа на градоначалникот.

debata bogovinje 1024x768

Граѓаните добро ја прифатија иницијативата на Интуита. Некои од нив сметаат дека дури е задоцнета, но сепак, задоволни се што почнале дискусии на оваа тема и што и тие се вклучени. „Искрено ја поздравувам ова иницијатива и лично стојам на располагање да го дадам мојот придонес во подигнување на јавната свест“, рече Фикрет Шабани, граѓанин на Боговиње. Тој смета дека апликацијата за анонимно пријавување диви депонии и лица кои фрлаат отпад на несоодветни места, подготвена со овој проект, е токму тоа што им е потребно на граѓаните. „Така ќе се скрши мразот и ќе можат да се пријават оние кои секое скриено место го гледаат како шанса за фрлање отпад и правење дива депонија“, вели Шабани.

Дебатата траеше повеќе од три часа, а граѓаните побараа од општината и од комуналните претпријатија итно да постапат и да ги расчистат овие диви депонии. Тимот на Интуита ќе му ги предаде заклучоците на градоначалникот за постапување по нив.

Одржувањето на јавната дебата и изложбата беше овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дивите депонии - сериозен проблем за граѓаните на Боговиње