Граѓаните Тетово добија мобилна апликација за пријавување диви депонии - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните Тетово добија мобилна апликација за пријавување диви депонии PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 27 prill 2023 13:27

На 17.03 2023 година во просториите на Општина Тетово, здружението Албаника организираше јавна дебата на тема: „Справување со комунален отпад и подигнување на свеста кај граѓаните на Тетово“ и изложба на фотографии на кои беа прикажани диви депонии во различни населени места во општината. Покрај тоа, беше промовирана и телефонската апликација за анонимно пријавување диви депонии и лица кои фрлаат отпад на несоодветни места на целата територија на општината Тетово.

izlozba tetovo

Вкупно 14 учесници на дебатата зборуваа за лошите навики на жителите и за потребата од засилен ангажман на општината и на комуналното претпријатие. „Јас секој ден се соочувам со ниската свест на сограѓаните во населбата во која живеам. Вообичаена глетка се малите депонии во близина на контејнерите на кои може да се видат: мебел, бела техника, санитарни материјали и којзнае уште какви не отпадоци кои им ја отежнуваат работата на вработените во комуналното претпријатие“, рече Илир Даути, граѓанин на Тетово. Тој изрази подготвеност да се вклучи во активности за подигнување на јавната свест, затоа што, како што рече, станува збор за иднината на децата и ако возрасните не се грижат сега, потоа ќе биде доцна. Даути смета дека апликацијата е токму тоа што им е потребно на граѓаните, затоа што оние кои ги прават дивите депонии треба да одговараат за тоа.

Дел од граѓаните се информирале за оваа активност преку флаерите кои ги дистрибуирал тимот и волонтерите на Албаника. Тие сметаат дека ваквата иницијатива треба да добие поголемо внимание и од медиумите, за информацијата да стигне до сите.

Со оваа активност здружението Албаника не само што работи на подигнување на јавната свест туку ги потсетува и градоначалникот и локалните власти на нивните ветувања од предизборието кои се однесуваат на заштитата на животната средина. За време на дебатата, граѓаните побараа од локалните власти итно да ги отстранат дивите депонии, а комуналната инспекција да ги санкционира загадувачите. Заклучоците од дебатата писмено ќе му бидат доставени на градоначалникот на општина Тетово.

Одржувањето на јавната дебата, изложбата и подготовката на апликацијата беше овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните Тетово добија мобилна апликација за пријавување диви депонии