Спортската сала може да придонесе за здрав и активен животен стил на младите во Шуто Оризари - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спортската сала може да придонесе за здрав и активен животен стил на младите во Шуто Оризари PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 03 mars 2023 10:12

„Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација“ беше темата на тркалезната маса што ја организираше Ромската асоцијација на жени и млади (РАЖМ) Лулуди на 22.02.2023 година во просториите на општината Шуто Оризари. Дваесет граѓани, претставници на граѓанските организации, на општината и на институциите, разговараа за потребата од поголема транспарентност на општината за активностите поврзани со ставањето во функција на спортската сала во Шуто Оризари. 

viber image 2023 02 23 19 52 52 438

Учесниците сметаат дека општината треба да им овозможи на граѓаните да дадат препораки и на тој начин да придонесат за подобрување на решенијата. Така, тие ќе бидат дел од процесот на донесување одлуки, а ќе можат да го следат и спроведувањето на програмите и локални политики. Од РАЖМ Лулуди истакнаа дека граѓаните не знаат дека во нивната општина е изградена спортска сала иако тоа е еден од нивните приоритети. Претставници од стручните служби во општината ги информираа учесниците дека административните и градежните работи за пристап до салата се при крај. Со завршувањето на сите зафати, ќе се креира комплетен спортски центар кој ќе опфати затворена спортска сала, отворен терен за кошарка и фитнес стаза. 

Младите и претставниците од граѓанските организации повикаа на почесто информирање на јавноста за тековните активности на општината и повеќе активности за младите. За Леон Али, не е доволно да се направи спортска сала и таа да се стави во употреба. Тој смета дека треба да се посвети внимание и на менталитетот на младите и граѓаните од општината. Албина Џемаил, додаде дека освен граѓаните, прашањето на функционирање на спортската сала ги засега и спортистите и спортските клубови.

РАЖМ Лулуди ќе продолжи со мобилизирање на младите преку онлајн кампања. Тие ќе бидат вклучени во давање предлози до општината за тоа како на младите да им се доближи користењето на спортската сала, да се покрене нивната свест за практикување физичка активност како дел од развојот на здрава индивидуа, а со тоа и на здраво општество. 

Одржувањето на тркалезната маса беше овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Спортската сала може да придонесе за здрав и активен животен стил на младите во Шуто Оризари