Антикорупциска писменост - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Антикорупциска писменост PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Според „Transparency International“, Македонија се наоѓа на 71 место, заедно со Бугарија, Романија и Грција, од 180 рангирани земји според Индексот на перцепција за корупцијата. Имајќи во предвид ова, борбата против корупцијата се наоѓа високо на агендата на македонското општество. Во мај 2007 г. беше донесена новата државна Програма за превенција и репресија на корупцијата. Сепак, потребна е силна политичка волја за да се преземат ефективни чекори за сузбивање на корупцијата и доизградба на институциите на политичкиот систем, политичката култура и граѓанска свест. Во минатото од своја страна граѓанското општество одигра значителна улога. Сепак изостануваат или се во зачеток активностите од областите за кои се очекува да бидат адресирани од граѓанските организации: одржувањето на одговорноста на државата, барањето спроведување на законите, борбата против корупцијата, вклучувањето на ГО и граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Општа цел на проектот е придонес кон зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е да придонесе кон анализи на политики и расправи за битни општествени прашања со фокус на борба против корупцијата.

Целна група се граѓанските организации, органи на државна управа, медиуми и граѓаните. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје, во други градови во државава, додека студиската посета ќе се одржи во Софија во Република Бугарија.

Очекувани резултати од проектот се: зголемена свест на ГО, властите, медиуми и граѓаните на РМ за проблемот на корупција; зголемени капацитети на ГО, властите и медиуми за антикорупциска писменост; разменети искуства за борбата против корупција со ГО од земји од регионот.

За да се постигнат планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:

  • Публикување на извештај за корупција од Бугарија
    Со цел да се претстави искуството и проблемите со кои се соочила Република Бугарија со справувањето со корупција ќе биде преведен извештајот „Злосторство без казна – борба против корупција и организиран криминал во Бугарија“ направен во 2009 г. од страна на Центар за демократски студии од Софија. Извештајот претставува преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Бугарија, како и антикотупциските политики и инцијативи во првите две години од пристапот во Европската унија. Целосниот извештај ќе биде публикуван на цд-а кои што ќе бидат составен дел на отпечатеното извршното резиме на извештајот. А исто така ќе биде достапен и на сајтот на МЦМС.
  • Форуми за размена на ставови во однос на проблемот за корупција
    Со цел да се анализираат, споредат и дискутираат наодите од извештајот, како и можностите за препознавање на корупцијата и неопходните услови за успешно справување против истата, МЦМС ќе организира еден национален форум на кој ќе учествуваат експертите од Бугарија како и претставници од граѓанските организации, органите на државната управа, другите власти и останатите чинители.
    Дополнително ќе бидат организирани форуми на локално ниво со претставници од локални институции и организации на кои ќе се претстави извештајот и можните видови на корупцијата на локално ниво. Со овие настани ќе се подигне и свеста за препознавање на корупцијата на локалното ниво.
  • Обука за антикорупциска писменост
    Во соработка со стучни лица ќе биде развиена основна програма за еднодневни обуки за лесно и брзо препознавање на корупцијата во одредени области како: граѓански сектор, медиуми, судство, образование, јавна администрација и сл. Ќе бидат организирани најмалку пет еднодневни обуки.
  • Студиска посета
    Една студиска посета на Република Бугарија, која што е земја челенка на Европската Унија, ќе биде организирана. Учесници на обуката ќе бидат десетина претставници од: граѓанските организации (пред се членки на ГПМ), пратеници од Собранието на Република Македонија, претставник од Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија и државни службеници (од Министерство за правда, од Единица за борба против корупција во Министерство за внатрешни работи) и од Јавното обвинителство.

Периодот на спроведување е 1 јуни 2010 – 31 декември 2010 година.

Клучна претпоставка која влијае и придонесува кон постигнување на проектните резултати е препознавањето на важноста на прашањето од страна на граѓанските организации, органите на државната управа и власта.

Активностите ќе бидат спроведувани од страна на МЦМС во соработка со други организации, локална организација од Бугарија која ќе ја организира студиската посета, потоа експерти кои ќе ги испорачаат обуките. Документите кои ќе бидат подготвени, покрај директната дистрибуција до организациите и органите на државната управа ќе бидат објавени и на веб страната на МЦМС.

МЦМС е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet