Владина стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2006 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Владина стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2006 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот беше да се даде поддршка на Владата во развојот и спроведувањето кохерентна долгорочна политика и стратегија која ќе и помогне на Владата во соработката со граѓанското општество.

Цел на проектот беше креирање на владина Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор.

Целна група на проектот се: граѓанските организации, Владата на Република Македонија/Генералниот секретаријат/Одделението за соработка со невладините организации, како и други органи на државната управа.

Во рамките на проектот беа преземени следните активности:

  • Подготовка на концепт на стратегијата (март-мај). Концептот на стратегијата беше подготвуван од помладите локален и меѓународен експерт за граѓанско општество, персоналот на Одделението за соработка со невладините организации и други релевантни службеници во Владата на Република Македонија. Врз основа на овие анализи беше подготвен концепт на Стратегијата кој беше дискутиран и подобрен од Работната група на проектот. На 24 мај Управниот комитет го одобри концептот, додека на 1 јуни беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија.
  • Консултации со граѓанскиот сектор (јуни – октомври). Со цел поголема партиципативност и вклученост на граѓанските организации во подготовката на Стратегијата беа организирани 5 консултативни средби. Првата средба се одржа во Скопје,  и во четири градови низ државата: Струга, Гостивар, Штип и Струмица. На средбите беа опфатени сите поголеми населени места а учествуваа вкупно 212 претставници од граѓанските организации.
  • Подготовка на предлог на стратегијата (октомври-декември). Предлог Стратегијата беше презентиран на членовите на Работната група. Пред состанокот на Управниот комитет се одржа и завршната јавна расправа со граѓанските организации и медиумите на која присуствуваа околу 140 учесници. На седницата одржана на 14 декември Управниот комитет го одобри предлогот на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор. Усвојувањето од страна на Владата се очекува да биде на седницата на 26 декември.

Примарната цел на Стратегијата е унапредување на соработката на Влaдата и ресорните министерства со граѓанскиот сектор. Таа треба да служи како севкупна водечка рамка за една осмислена државна политика на соработка и поддршка на граѓанскиот сектор која ќе ги одразува приоритетите, принципите и предложените пристапи во неа. Притоа, Стратегијата овозможува соодветен простор за дефинирање на конкретни политики, приоритети и модалитети во зависност од контекстот на засегнатите страни и потребите на заедницата.

Стратегијата нуди и обезбедува рамка, механизми и политики кои ќе:

  • ја зацврстат и унапредат соработката на Владата со здруженијата на граѓани и фондациите;
  • овозможат поголема вклученост и влијание на граѓаните преку нивните здруженија и фондации при институционалното одлучување на централно ниво и креирањето на политиките преку користењето на нивните искуства во донесувањето на одлуките;
  • ги подобрат  условите за понатамошно јакнење и развој на здруженијата на граѓани и фондации преку креирање на поволно системско-институционално опкружување
  • ги подобрат системските услови за обезбедување на одржлив развој на граѓанскиот сектор
  • создадат нормативни и институционални претпоставки за реализација на стандардите на Европската Унија во оваа област
  • го подобрат пристапот до информациите од јавен карактер
  • го земат предвид достигнатиот степен на развој на граѓанскиот сектор во Република Македонија, како и политиките, меѓународните документи и стратегии, компаративните искуства и најдобрите практики од европските земји при идното осмислување на домашните приоритети.

Предлог Стратегијата содржи и Акциски план со определени мерки и активности, како и временски период и одговорни институции за спроведување на активностите.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet