Јакнење на теолошките факултети - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на теолошките факултети PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Јакнење на теолошките факултетиКомуникацијата и соработката помеѓу верските заедници е неопходна за развојот на меѓуверскиот дијалог. Како еден од успешните алатки за воспоставување на таквата комуникација беше отварањето на Канцелариите за соработка помеѓу теолошките факултети и верските заедници во 2003 година. Преку канцелариите за соработка беа реализирани низа програмски активности (предавања, посети на теолошки училишта и верски заедници и сл). Оваа активност уште на самиот почеток беше поддржана од двата теолошки факултети кои обезбедија простории за канцелариите, но исто така и партиципираа со свои средства за нивното одржување.

Општа цел беше да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Цел на проектот беше да се зајакнат капацитетите кај студентите и членовите на верските заедници за меѓуверски дијалог и да се зголемат знаењето и разбирањето, кај нив за нивните колеги од дру¬га¬та (религија/конфесија/вера) институција.

Целна група беа професорите и студентите на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки и членовите на верските заедници.

Преку проектот беше поддржана само канцеларијата на ПБФ. Бидејќи ИВЗ сеуште стоеше на ставот за суспензија на активностите немаше услови за вклучување на Факултетот за исламски науки во активностите.

Канцеларијата за соработка на ПБФ непречено функционираше уште од почетокот  на годината. Преку канцеларијата на ПБФ е реализирана соработка со другите верски заедници (Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква) кои земаа активно учество во проектните активности. Соработка со ИВЗ и ФИН не беше остварена од претходно споменатите причини. Покрај активностите од програмата Канцеларијата за соработка беше отворена за информирање на студентите за програмските активности, како и за користење на техничките помагала (компјутер, принтер, интернет) од страна на студентите.

Проектот резултираше со подобрена комуникација помеѓу верските заедници, спроведување на сите планирани активности, учество на претставници на различни верски заедници, анимирање на студентите за можностите и потребите од меѓуверски дијалог, како и со продлабочување на соработката преку редовните покани за учество на настани и редовна комуникација. Организатор на сите активности беше Православниот богословски факултет кој воедно ја превзеде и целосната координација со другите верски заедници.

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet