Размена на знаења за други религии - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Размена на знаења за други религии PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Недостатокот од средби, комуникација и размена на информации на двата теолошки факултета (Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки), но и помеѓу самите верски заедници, често доведува до ограничена информираност за другите религии, неразвиеност за една религиозна култура, кои понатаму потикнуваат на предрасуди и стереотипи едни за други.

Размена на знаења за други религииПреку програмата МСМ беа развиени методи и активности преку кои се настојуваше студентите од двата теолошки факултета подобро да се запознаат, да научат нешто повеќе едни за други, но и да научат да се почитуваат без оглед на разликите во сваќањата. Покрај студентите преку програмата беа опфатени и верските заедници и нивните верници.

Општа цел на програмата беше да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Цел на проектот беше зголемување на знаењето и разбирањето (образованието) кај студентите од теолошките факултети за нивните колеги од другата (религија/конфесија/вера) институција.

Преку разменските предавања и посети постигнати се следните резултати: студентите и членовите на верските заедниции се стекнаа со практични и теоретски знаења за другите религии, воспоставија меѓусебни контакти и комуникација. Некои од учесниците се стекнале со меѓусебни пријателства, како резултат на честите средби и учества на повеќе активности од проектот. Во поглед на реализацијата на активностите може да се рече дека сите планирани активности во рамките на проектот се реализирани. Во активностите учествуваа студентите од ПБФ, како и представници, верници од КЦ, ЕЗРМ и ЕМЦ. Недостасуваше учеството на студентите од ФИН и претставниците на ИВЗ, кои заради нерешениот спор со МЦМС одлучија и оваа година да ги суспендираат активностите. Учеството во активностите беше на високо ниво.

Сите пет разменски предавања се реализирани. Две предавања се одржани на ПБФ (едно од пастор Михаил Цеков од ЕМЦ и едно од професорот Ѓорѓи Поп Атанасов од универзитетот Св.Кирил и Методиј). Едно предавање за студентите од ПБФ беше одржано и во Синагогата Бет Јаков од новоназначениот рабин Ави Козма, додека пак останатите две беа одржани од деканот на ПБФ, проф. д-р Ратомир Грозданоски кој предаваше пред верниците од Католичката црква и Евангелско-методистичката црква. Предавањата беа следени од вкупно 121 лица (студенти и верници) од кои 83 беа мажи, додека пак, 38 беа жени.

Разменските посети на теолошките училишта не можеа да се реализираат како што првично беше планирано, заради неучеството на ФИН (ИВЗ), меѓутоа бидејќи студентите од Филозофскиот факултет Св. Кирил и Методиј изразија интерес за учество во активностите од проектот, тие беа вклучени во разменските посети. Имено 17 студенти (8 машки и 9 женски) од универзитетот Св. Кирил и Методиј имаа можност да го посетат Православниот богословски факултет.

Преку проектот беа реализирани и три посети на верски објекти. Беа посетени верските овјекти на МПЦ (манастирот во Лешок, „Св.Атанасиј’’), ЕМЦ (ЕМЦ во Скопје) и ЕЗРМ (Синагогата Бет Јаков). Вкупно 55 студенти, представници на различни верски заедници ги посетија споменатите верски објекти. Покрај разменските активности во рамките на проектот беше подготвена и Збирка со предавањата од програмата.

Еден дел од активностите се реализирани истовремено. Посетата на ПБФ од студентите од Св.Кирил и Методиј е комбинирана со предавањето на професор од овој факултет, а истото се однесува и на посетите на манастирот во Лешок и ЕМЦ во Скопје, како и за предавањето на рабинот Ави Козма со посетата на Синагогата. Од тие причини може да се каже дека вкупниот број на учесници е 161.

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet