Форуми во заедниците |
Децентрализацијата е комплексен процес тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа и со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард. Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитетите на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните. Законот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2). Во Македонија сеуште постои пракса на пасивност за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика. Уште повеќе, не е вообичаено јавните институции да ги консултираат или да ги вклучат граѓаните или граѓанските организации во креирањето на политиката . Јавните дискусии за состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво се основа за развој и афирмација на граѓанското учество и начин на практикување на партиципативно и отчетно владеење на локалната самоуправа. Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците. Цел на проектот е воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците. Целна група на проектот се граѓаните од општина Карбинци. Целното подрачје ја опфаќа територијата на општина Карбинци. Очекувани резултати на проектот се: Развиени вештини и ставови на граѓаните и ЕЛС за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на форумите. Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Одржување на форумски дискусии, Обука за проектно планирање, Обука за формулација на проекти, Обука за подготовка на буџети, и Финансирање и набљудување на спроведувањето на проектите избрани на форумите. Временскиот период на спроведување е од 07 април 2008 до 30 септември 2009 год. Финансискиот план на проектот изнесува 3.530.000 МКД (директни трошоци). |