Решавање на конфликти |
Конфликтите се неизбежен дел на нашето секојдневие. Ти е се составен дела на односите меѓу луѓето, па дури и меѓу оние кои многу си значат едни на други. Луѓето се склони на конфликтите да гледаат исклучиво како на нешто што е многу лошо, негативно, нешто што треба да се избегне. Но, каков ќе биде исходот од конфликтот и дали тој нужно ќе ги влоши односите меѓу луѓето, зависи од тоа како приоѓаме кон нивното решавање. Со обуката за решавање на конфликти на МЦМС ви нуди можност да ги подобрите вашите вештини и способности во оваа област, да станете сензитивни на културните разлики и способни да ги премостите културните разлики во комуникацијата и решавањето на конфликти; да станете сензитивни на можните комуникациски бариери (пречки), способни да ги реформулирате конфликтите и да преговарате, да се запознаете со концептот на медијација и да се оспособите да ги примените техниките на медијација. Содржина
|