Матрица за мониторинг на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Матрица за мониторинг на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Даниел Станоески
Дата: Април 2025
PDF: mm-kratok-izveshtaj-za-severna-makedonija-2024.pdf

mm mk 2024Овој извештај е дел од серијата национални извештаи што опфаќаат шест земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Достапен е и Регионален извештај кој ги сумира наодите и препораките за сите земји, како и веб-платформа која овозможува пристап до податоци за мониторинг по земји.

Мониторинг Матрицата, развиена во 2013 година од BCSDN, со поддршка на своите членови и партнери, ги поставува главните принципи и стандарди кои се клучни за правната средина да се смета за поддржувачка како за работењето, така и за развојот на организациите на граѓанското општество. Мониторинг Матрицата е организирана околу три главни области, секоја поделена на под-области:

  1. Основни правни гаранции на слободите;
  2. Рамка за финансиска одржливост и виталност на ГО;
  3. Однос Влада – ГО.

Областите се разработуваат преку стандарди, кои понатаму се специфицирани преку правни и практични индикатори. Правните индикатори се мери преку кодирање на присуство или отсуство на правила, трошоци, процедури и обврски утврдени во правните регулативи (примарни и секундарни) и во политички рамки усвоени во соодветните земји. За да се обезбеди стандарден и спорлив процес на собирање податоци за практичните индикатори, националните истражувачи изработуваат методолошки план во кој секој од 80 индикатори е понатаму оперативно разработен во конкретни задолжителни и дополнителни типови на податоци (т.е. оперативни димензии на практичен индикатор) кои треба да се пријават за сите земји.

Принципите, стандардите и индикаторите се базираат на меѓународно гарантирани слободи и права и најдобри регулаторни практики на ниво на ЕУ и во европските земји. Матрицата има за цел да ја дефинира оптималната состојба за ефективно функционирање и развој на граѓанското општество, како и да постави реалистична рамка која може да се имплементира од властите. Имајќи предвид дека главните предизвици се во имплементацијата, индикаторите се дефинирани за да ја следат ситуацијата, земајќи ја предвид и правната рамка и нејзината практична примена.

Истражувањето има за цел да обезбеди докази за овозможувачката средина за развој на граѓанското општество и да влијае врз поддршката од владите, Европската Унија и други донатори кон поодржлив и стратешки развој на секторот.

За анализа и интерпретација на податоците, националните истражувачи користат унифициран шаблон за собирање податоци кој го опишува секој индикатор и дава пет категории на опис, варирајќи од целосно овозможувачка до целосно оневозможувачка средина, применливо за секој индикатор. Петте категории се специфицирани за секој правен и практичен индикатор во Прирачникот на Мониторинг Матрицата, за да им овозможи на истражувачите – врз основа на пријавените податоци – да изберат еден код (оценка) кој најточно ја сумира состојбата на овозможувачката средина во однос на соодветниот индикатор.

Во првиот чекор, истражувачот ги пријавува потребните типови податоци собрани од различни извори во полето на шаблонот. Во вториот чекор, се избира една од петте категории специфицирани за соодветниот индикатор, која најдобро ја илустрира пријавената состојба. Категориите овозможуваат унифицирана споредливост на наодите на ниво на индикатори во сите национални извештаи.


Te nderlidhura:

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Konsultime dhe trajnime Për konsultimet dhe trajnimet