Praktika qytetare nr. 7 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Praktika qytetare nr. 7 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Донато Кјарини, шеф на Делегацијата на ЕК во Скопје, Елвис Али и Тања Хафнер Адеми
Дата: ноември 2005 година
PDF:
graganski-praktiki-br.7.pdf

Граѓански практики бр. 7Надворешната помош од ЕУ и Македонија: прирачник за граѓански здруженија.

Во време кога според сите наши прoценки и според новиот пристап на Европската унија за комуникација со јавноста е потребно конкретизирано информирање на специфични целни групи Македонскиот центар за меѓународна соработка не израдува со токму таков прирачник за граѓански здруженија. Една од најдобрите практики во дисеминација на информации, идеи и воопшто вредности е да се делува правовремено.

А моментот е таков. Македонија за кусо време зачекори длабоко во матрицата за обединување на Европскиот континент. Иако станува за идеја за вредности таа не е ефемерна категорија туку се состои конкретизирани целини од принципи, норми и практики преточени во политики, регулативи и директиви кои земјата аспирант мора да ги познава. И не само да ги познава туку и применува и користи.

Значаен сегмент од корпусот активности кои го шират благородниот „вирус” на европската идеја е граѓанското општество реализирано преку граѓанските здруженија. Оваа општествена категорија е значаен двигател на процесите за интеграција не само во напредниот свет туку и за интеграција на прогресивните сили во државата. Не случајно Генералниот секретар на Обединетите нации и Нобеловец Кофи Анан вели – „бизнисот, трудот и граѓанските организации имаат вештина и ресурси кои се доволно витални да го помогнат градењето на поробусна глобална заедница”.

Европската унија исто така има добра практика на негување на културата на граѓанското општество. Владата на Република Македонија го препознава значењето на граѓанскиот сектор кој всушност е најдинамична структура на популацијата бидејќи е релевантен глас и истовремено пропонент на потребните промени и реформи преку корективната и алармирачка улога.

Владата го помага овој сектор на повеќе начини и во соработка со ЕУ преку КАРДС Националниот стратешки документ и преку повеќегодишните индикативни програми во чии рамки е приоритетот за демократска стабилизација и владеење на правото. Сакам да нагласам дека Владата отвора нови перспективи за граѓанскиот сектор преку учеството во Програмите на заедницата, особено преку програмите како што се Млади или Ерасмус Мундус.

Конечно, се радувам што можам да констатирам дека граѓанските организации во Македонија во една експресна генеза, низ секојдневната напорна работа во целото сложено општествено ткиво, успеа да изградат респектабилно портфолио и атрибут - тим за иднината.

Можам да порачам – заедно да го забрзаме времето. Оттаму, работата нема да престане, ќе престанат само процесите на ретроградност и позицијата статус кво.

Сепак се врти.

Радмила Шекеринска, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија одговорна за водење на процесот на европска интеграција и координација на странска помош.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Praktikat qytetare