Besimi në shoqërinë civile - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Besimi në shoqërinë civile PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-79-3
PDF:
doverbata-vo-gragjanskoto-opstetsvo-2007.pdf

Довербата во граѓанското општествоИзвештајот „Довербата во граѓанското општество“ е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации. Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата беше проверена и довербата во другите два сектори, државниот и приватниот (деловниот). Анкетирањето е направено во јули оваа година на репрезентативен примерок од 1601 испитаник.

Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба (57,3 %) и довербата во институциите (43,1 %). И понатаму е впечатлива поголемата доверба на микро и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Владата има битно зголемување на довербата на 44,6 % од 26,6 % во 2006 година.

Во поглед на довербата во граѓанските организации, граѓаните се поделени, односно 45,4 % имаат доверба. Мнозинство на граѓаните во Македонија веруваат дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание и/или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации. Ставовите дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност да допре нивното мислење и дејствување до јавноста се во малцинство.

За граѓаните, граѓанските организации се злоупотребувани од политичките партии и зад нив се кријат политички партии, но во малку случаи тоа може да го илустрираат со пример на граѓанска организација зад која се крие политичка партија.

Општото познавање на граѓанските организации е добро. Значително послабо граѓаните ја познаваат работата на граѓанските организации во конкретни области. Најмногу се познати организации кои работат на намалување на сиромаштијата, а најмалку на економски развој. Постои сооднос на познавањето на граѓанските организации со нивниот профил, нивото на нивните активности и нивната експонираност во јавноста. Јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации.

Извештајот утврди и општа нетолерантност и многу висока нетолеранција кон одредени групи.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë