Издавање неделни вести - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Издавање неделни вести PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Рома-нија, Словенија и Србија). Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитетите на организациите-членки и останатите партнерите во Југоисточна Европа. МЦМС раководи со програмата и Секретаријатот на мрежата.

Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитети помеѓу организациите членки и останати партнери во Југо Источна Евро¬па (ЈИЕ). МЦМС раководи со програмата БНТ и е Секретаријат на мрежата.

Целта на овој проект е да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка помеѓу граѓанските организации на Балканот.
Целна група се БНТ членките (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AIDRom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), други релевантни граѓански организации и јавноста.

Главна активност беше подготовка и издавање на неделни вести (Weekly e-mail alerts). Неделните вести се состојат од четири категории: вести, фандрејзинг, обучувачки и едукативни можности и публикации. Секоја од категориите содржи кратки вести со главните податоци на која основа корисниците можат да добијат брза и јасна информација за тековни можности во областа на фандрејзинг, обуки, размена, волонтирање и друго од ЕУ и регионот. Неделните вести се издаваат во електронска форма (хтмл-формат) и се дистрибуираат по електронска пошта до сите БЦСДН членки како и други заинтересирани ГО. Од почетна листа од 281 корисници (т.е. поединци или организации) листата на крајот на проектот се зголемила на 310 корисници. Просечно издание содржи 9 до 10 информации. Секое издание е објавено и на БЦСДН интернет страна. Неделните вести се објавуваа два пати месечно, т.е. вкупно  беа издадени 24 изданија.

Со цел да се оцени квалитетот на вестите, во месец август и септември беше спроведена електронска анкета меѓу корисници. Според неа, корисниците се задоволни со суштина, квалитетот и форматот на вести. Главната додадена вредност на вести е фокусот на ГО во регионот и нивните потреби за тековни информации. Според анкетата, корисниците во иднина се спремни да платат за услугата со што се овозможува дополнителна можност за одржливост на вестите. Деталите од анкетата се достапни на БЦСДН интернет страна.

Соработка

Во рамките на минатите неделни вести беше остварена соработка со ЕЦАС од Брисел и ЦНВОС од Словенија, но таа не продолжи поради недостиг на дополнителни средства. Вести се повеќе се распознаени, бидејќи нема слична активност во регионот, со што се зголемува размена на информации од страна на ГО. Сепак, тоа уште не е на задоволително ниво за вестите да бидат оддржливи во суштинска смисла. За таа цел во тек е идентификација на можности за соработка со слични национални и регионални организации што работат на поле на размена на информации.

Организација на проектот

МЦМС има одговорност за спроведувањето на проектот. Проектниот тим беше составен од одговорен соработник за проект (Тања Хафнер Адеми) задолжена за избор и уредување и помлад соработник на проекти (Зденка Виденова) задолжен за форматирање и дистрибуција. Проектот опфаќаше активности кои беа дел од програмата РБМ за 2008 година.

Известување, набљудување и оценување

Напредокот на овој проект беше набљудуван преку редовни состаноци на  проектниот тим. Раководителот на Одделението за крос-секторски и меѓународни програми директно ја следеше изведбата на проектот.

Се направи оценка на квалитетот и релевантноста на проектот преку анкета на корисници. Таа покажа задоволство на конечни корисници со суштина, квалитетот и форматот на вести.

Последователни активности

Врз база на задоволството на БЦСДН членките и другите корисници, неделните вести станаа основна активност на мрежата и со тоа на МЦМС како Секретаријат на мрежата. За тоа се очекува неделни вести суштински и форматски да продолжат и во наредната година, со што фокус ќе биде на финансиска одржливост и создавање механизми за поттикнување на ГО за споделување информации.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë