Реновирање на основни училишта во рурални заедници - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на основни училишта во рурални заедници - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Реновирање на основни училишта во рурални заеднициВо периодот од 2007 до 2009 година МЦМС со финансиска поддршка од Сокотаб  од Швајцарија и неговите партнери успешно реализираше проекти за реновирање на 6 рурални основни училишта, од претходно селектирани општини каде што претежно се одгледува ориентален тутун.

Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.

Цел на проектот е условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.

Очекувани резултати од проектот се:

  • реализирана целосна реконструкција на просториите од првото ниво на училишната зграда;
  • реконструиран училишен објект (внатрешни ѕидови, плафон, под, електрика и греење); и
  • набавени нагледни средства и книги за библиотека.

Активности преку кои ќе се постигнат овие резултати се:

  1. Изработка на техничка документација и нејзина ревизија;
  2. Подготовка и спроведување на тендери за избор на изведувачи или набавувачи на опрема;
  3. Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектите;
  4. Избор на стручен надзор;
  5. Координација и соработка со сите вклучени актери;
  6. Набљудување и мониторинг; 
  7. Известување (тековно и завршно) и оценување.   

Целна група на проектот се ученици и вработени во основно училиште. Директни корисници се  837 ученици и 96 вработени од четири основни училишта. Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во селата: Кукуречани (општина Битола), Ангелци (општина Василево). Покрај нив ќе се организира мала набавка на нагледни средства и книги за библиотека во с.Црнилиште (општина Долнени) и с.Конче (општина Конче).

Активноста ќе ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од општините, основните училишта, како и потребните надворешни актери (надзор, изведувач, стручни соработници и сл.).

Временскиот период на спроведување на проектот е 04 јуни – 30 ноември 2010 г.

Буџетот изнесува 5.246.255 МКД. Средствата се донација од Сокотаб и неговите партнери.

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Mbështetje Dhuro Dhuro tani!