[ЗАТВОРЕН] МЦМС има потреба од соработник/чка на проекти и комуникации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

[ЗАТВОРЕН] МЦМС има потреба од соработник/чка на проекти и комуникации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 07 qershor 2010 12:02

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество

Распишуваат оглас за Соработник/чка на проекти и комуникации

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) - www.balkancsd.net е регионална мрежа на 13 граѓански организации од балканскиот регион основана во 2001 г. Мрежата работи на зајакнување на улогата на граѓанското општество на Балканот, особено во процесот на евроинтеграција. Нејзините тековните активности вклучуваат лобирање и застапување кон ЕУ, регионални и национални институции и поддршка на соработката на граѓанските организации, преку размена на информации. Извршната канцеларија се грижи за дневните активности на мрежата. Со Извршната канцеларија на мрежата раководи МЦМС. Соработникот/чка ќе одговара пред Извршен директор на БЦСДН. Позицијата е во седиштето на Извршна канцеларија во Скопје.

Опсег на работа

  • Поддршка во размената на информации и координација на мрежата, вклучувајќи организација на работата на телата (т.е. Совет, Одбор);
  • Имплементација на активности за застапување и раководење со проекти (координација и спроведување истражувања, организација на работилници и други настани);
  • Управување со веб-страница, подготовка на дво-неделни вести, публикации, социјални медиуми и подготовка на други информативни материјали;
  • Комуникација и соработка со релевантни европски и регионални мрежи, институции и донатори;
  • Подготовка на предлог проекти и прибирање средства;
  • Други задачи според договор.

Знаење и искуство

  1. Искуство во работата со/во граѓанскиот сектор во регионот и/или во Европа;
  2. Познавање на политичкиот и социо-економскиот контекст на Балканот, како и општи знаења за процесот на евроинтеграции и ЕУ институции;
  3. Минимум 2 години работно искуство во раководење со проекти и/или комуникации;
  4. Искуство во управување со проектен циклус и пишување на предлог проекти;
  5. Искуство со веб-базирани и e-mail комуникациски опции и со Web 2.0;
  6. Одлично познавање на MS (Word, Excel, Outlook) апликациите;
  7. Возачка дозвола (Б категорија).

Способности

  1. Силни интерперсонални вештини и способност за работа со луѓе од различни култури и нивоа на хиерархија;
  2. Проактивност, флексибилност, способност за планирање и спроведање на работни задачи;
  3. Способност за работа во мал тим;
  4. Одлично писмено и усно владеење на англискиот јазик и познавање на втор регионален јазик (македонски, српски/хрватски, албански);
  5. Подготвеност и способност за патување во странство за потребите на работата;
  6. Познавање на вториот регионален јазик е предност.

Услови за вработување:

  • Позиција е во седиштето во Скопје.
  • Ангажман за период од 6 месеци со можност за продолжување.
  • Конкурентни финансиски, работни и професионални услови.

Рок за пријавување: 17 јуни 2010 г.

Почеток на работа: 1 јули 2010

Заинтересираните треба да испратат мотивациско писмо и кратка биографија, само на англиски јазик, на e-mail адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назанака за "Соработник/чка на проекти и комуникации".

Селектираните кандидати/ки ќе бидат поканети на интервју. Кандидатите/ките кои не примиле повратна информација до 21 јуни, може да се сметаат за одбиени.

  Преземи оглас во PDF формат.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje [ЗАТВОРЕН] МЦМС има потреба од соработник/чка на проекти и комуникации