Во Ростуша и Липково претставени резултатите од ОЖП |
E shtunë, 21 shtator 2013 23:23 | |||
На 17 и 18 септември 2013 г. се одржаа два информативни состанока со околу 40 жени од општините Маврово и Ростуша и Липково на кои им беа претставени досегашните постигнувања во програмата „Оспособување на жените погодени во конфликтот (ОЖП)“.
„Многу ми помогна ангажирањето во обуката низ работа, научив многу нови работи, запознав многу добри луѓе“го раскажа своето искуство Арта Бајрами од Ваксинце на состаноците. „Сега“, вели, „се прашувам што ќе правам кога ќе завршат трите месеци предвидени за обука, вакви можности не ни се пружаат често.“ И останатите учеснички се согласија дека проектот е ретка активност, од која населението има конкретна корист и која има позитивно влијание на здобивањето или подобрувањето на вештините како и на јакнењето на свеста не само на целната група, жените од седумте општини, туку и на нивните домаќинства и на локалниот деловен сектор. Што се однесува до досегашните постигнувања, 100 жени посетуваат курсеви за англиски јазик, 50 за работа на компјутер, а 23 стекнуваат искуство преку обука низ работа во девет претпријатија. Учесничките беа информирани за темите на курсевите за занимања во нивните општините и другите обуки, но и за можностите за вклучувањето во овие курсеви и во обуката низ работа. Во Маврово и Ростуша беше организирана и средба со сопствениците на локалните претпријатија и други чинители од оваа општина, на која беа подетално информирани за можностите и обврските за обуката низ работа. Стопанствениците исто така го оценија позитивно проектот, особено помошта да во поврзувањето со целната група. За таа цел, МЦМС и партнерите пролетта спроведоа студија за проценка на понудата и побарувачката на работна сила, врз чија основа се организира поврзувањето на учесничките со соодветните локални претпријатија. ОЖП е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од Скопје и Рекански бисер од Маврово и Ростуша. Целта на програмата е поддршка на пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.
|