Обука за партиципативно буџетирање |
E premte, 07 maj 2010 15:11 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на програмата „Добро управување во Македонија“ ќе организира обука за партиципативно буџетирање. Обуката ќе се одржи во Скопје од 26 до 28 мај 2010 година. Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на буџетскиот процес во Република Македонија. Обуката ќе има теоретски дел за буџетските категории и фискалната политика но исто така ќе има практични вежби и работа во групи. Внимание ќе се посвети и на можностите на граѓанските организации за активно учество во буџетскиот процес, како и на концептот на партиципативно буџетирање и можноста за негова примена во буџетските процеси во Република Македонија на национално и на локално ниво. Обуката ќе ја спроведат: д-р Никица Мојсоска-Блажевски, „American University College“ и м-р Мишо Николов, „American University College“. Право на учество имаат сите заинтересирани членови на граѓанските организации од Македонија, посветени на идејата за активно учество во буџетските процеси на локално и на национално ниво. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да достават мотивациско писмо (не подолго од 500 збора) во кое ќе ги наведат нивните досегашни искуства и планови за работа поврзани со темата на обуката. Пријавите ќе бидат објективно оценети и селектирани од страна на МЦМС и обучувачите. Рок за пријавување е 14 мај 2010 година, до 16 часот. Пополнетата пријава, потпишана и со печат на организацијата, испратете ја на маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë (скенирана пријава), по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје. Пријавата може да ја подигнете во МЦМС или да ја преземете електронската верзија . Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните кои ги покриваат учесниците. За сите дополнителни информации контактирајте ја Марија Саздевски, на е-маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или на телефон 02 3088 983. |