Повик за поддршка на активности на локалните самоуправи за модернизација на услугите |
E enjte, 16 prill 2009 12:30 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Градење на капацитети и модернизација на локалната самоуправа, упатува: Повик за поддршка на активности на локалните самоуправи Со проектот е предвидено поддршка на проектни идеи кои се однесуваат на подобрување и модернизацијата на општинските услугите и содржат:
Со проектот не е предвидена поддршката на активности за набавка, изградба и реновирање на инфраструктурни објекти или набавка и реновирање на основни сретства за работа и канцелариска опрема. Во тековната година ќе бидат поддржани 5 општини од 13 фокус општини на програмата ЛРЗ до кои е упатен овој ограничен повик: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп. Општините може да аплицираат до МЦМС за финансиската поддршка на проектни идеи за модернизација на услугите во максимален износ од 100,000.00 МКД по општина. Општините треба да обезбедат сопствено учество од минимум 30,000.00 МКД. Секоја од тринаесетте фокус општини ќе може да аплицира со повеќе различни апликации/проекти. Основен предуслов за финансирање на општините е: Временската рамка. Крајниот рок за спроведување на активностите во општините мора да биде 15 Јуни 2009 год. Критериумите за селекција ќе опфатат неколку аспекти:
Комплетната пријава треба да се достави во просториите на МЦМС, по пошта или е-маил, најдоцна до 28.04.2009 год. до 16:00 часот, на: Адреса: Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Миодраг Колиќ, тел.(02)3065-381 локал 122; е-маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Документи: Упатство за пријавување за поддршка на активности |