МЦМС има потреба од двајца експерти кои ќе бидат ангажирани за подготовка на Поимник и спроведување на обука за антидискриминација.
1. Општи податоци Програма: Македонија без дискриминација
Општа цел на програмата е да придонесе кон праведно општество без дискриминација, каде сите луѓе ги уживаат правата на еднакви можности, како и во придобивките од различностите.
Во рамките на програмата, се спроведува проект за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за периодот мај – октомври 2008 година.
Целите на проектот се:
Да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за промоција на еднаквите можности и недискриминацијата во Македонија, преку застапување, лобирање и вмрежување. Да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во полето на европската правна рамка која се однесува на дискриминацијата и еднаквите можности во согласност со европските стандарди и стандардите на ОБСЕ.
За потребите на проектот ќе бидат ангажирани две групи експерти за:
спроведување обука за основните човекови права и за концептите за еднакви можности и недискриминација (група 1) развивање поимник за недискриминација (група 2).
2. Задачи и одговорности на експертите: Експертите од група 1 ќе бидат одговорни:
Да подготват и спроведат релевантни предавања и презентации од областа на недискриминацијата; Да подготват материјали за обука (вклучително и студија на случаи, практични вежби и сл.) со интерактивна методологија за работа и да се достави до одговорниот соработник во МЦМС седум дена пред одржувањето на обуката; Да се координираат меѓусебно со цел да се избегнат преклопувања во предавањата и темите; Да подготват извештај од обуката и да го достават до одговорниот соработник во МЦМС со сите релевантни материјали седум дена по завршување на обуката.
Експертите од група 2 ќе бидат одговорни:
· Да развијат поимник за поширока употреба, кој ќе содржи правни дефиниции, проследени со практични примери од областа на недискриминацијата на македонски и албански јазик; · Да се координираат со другите експерти и со Народниот правобранител на Република Македонија; · Да го тестираат предлог-поимникот преку вклучување фокус-група сочинета од претставници од граѓанските организации.
3. Квалификации
· Универзитетско образование од областа на правните или политичките науки и шест годишно искуство релевантно од областа за човековите права /недискриминацијата; · Познавање на политиката и правниот систем во државата, како и потребите од лобирање од областа на недискриминацијата; · Искуство во испорака на предавања, презентирање, интерактивни обуки и работилници; · Истражувачко искуство и искуство за компаративни правни анализи; · Искуство во објавување есеи, книги и документи од областа на правото; · Докажани способности и желба за работа во тим, со луѓе од различно културно, етничко и религиозно потекло, различни родови и различни политички определби и погледи; · Течно зборување и пишување на англиски и македонски јазик. Познавањето на албански јазик е предност.
4. Избор на експерти
Заинтересираните кандидати треба да се пријават во Македонскиот центар за меѓународна соработка со доставување на нивната биографија по пошта на адреса ул. Никола Парапунов бб, 1060 Скопје (П. Фах 55) или преку електронска пошта на
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
. Рокот за пријавување е 22 мај 2008 г.
Врз основа на пристигнатите биографии ќе бидат идентификувани и ангажирани кандидатите кои најмногу одговараат на погоре дадените критериуми.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат известени. Пријавите примени по рокот за пријавување нема да бидат земени предвид. |