Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите |
E hënë, 20 janar 2025 11:08 |
Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации. Советот се формира со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија. Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува претставниците на граѓанските организации на информативни сесии за презентирање на јавниот повик за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Информативните средби ќе се одржат со следниот распоред:
Целта на овие информативни сесии е да се информираат граѓанските организации за клучните надлежности и улогата на Советот со фокус на процесот на избор, условите и критериумите за подобност, роковите и начинот на гласање за пријавените кандидати за членови на Советот од редот на здруженија и фондации. На овие информативни сесии, претставникот од Генералниот секретаријат на Владата детално ќе го презентира повикот и формуларот за аплицирање на повикот за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите. Организациите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат дополнителни појаснувања за повикот, изборот и гласањето. Дополнително, настанот ќе послужи за информирање на организациите за претстојните промени во правната рамка за подобрување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во земјата како и за процесот на изготвувување на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2025-2028. Граѓанскиот ресурсен центар ги покрива патните трошоци во висина на автобуски билет за учесниците што не се од местото каде што се спроведува настанот. Пријавете го вашето учество преку пополнување на формуларот. |