Прикази на случај за граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прикази на случај за граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 16 nëntor 2010 15:40

Стереотипизирањето на граѓанскиот сектор потребно е да се адресира сериозно и сеопфатно, да се јакне свеста на јавноста и да се обезбедуваат повеќе информации. Приказите на случај треба да претставуваат длабинска и систематична анализа на конкретни прашања од важност за ГО.

graganski-praktiki-br.12Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот беа споделени релевантни информации и анализи за состојбата на граѓанското општество.

Целна група на проектот беа општата јавност и граѓанските организации. Директни корисници беа ГО. Проектот беше спроведен во Република Македонија, а активностите беа реализирани во Скопје.

Резултатите постигнати од реализацијата на проектот се: Проценета состојба на граѓанското општество за одредени прашања и информирана јавност за состојбата со граѓанското општество.

Резултатите беа постигнати преку преку следните активности:

а) Подготовка на прикази на случај: Националниот индекс тим (НИТ) за Цивикус - Индексот на граѓанското општество (ИГО) избра 12 теми во областите на петте димензии на граѓанското општество, дефинирани во рамките на ИГО. Изборот на темите за приказите на случај е направен за да одговори на постоечките стереотипи кои се присутни во општата јавност, но и во посебните целни групи, како и на прашањата за граѓанското општество каде е потребна подлабинска анализа. При изборот на темите се имаа предвид наодите од истражувањата кои МЦМС ги спроведува на годишно ниво.

Во ноември 2010 г. беше објавен јавен конкурс во дневните весници Нова Македонија и Коха. Право за аплицирање имаа сите физички и правни лица. Учесниците во конкурсот добија детално упатство за подготовка на приказите на случај (дел. бр. 11-207/3-2010) со дефиниција на темата и потенцијални истражувачки прашања. На конкурсот пристигнаа 20 пријави, од кои врз основа на искуството, предложената методологија и истражувачки прашања беа избрани 13 за 11 теми. За темата за кој не постоеше интерес од јавноста, приказот го подготви МЦМС. Покрај објавените беа подготвени и прикази за учеството на ГО во донесувањето закони и за присуството на ГО во медиумите.

graganski-praktiki-br.13

б) Објавување на „Граѓански практики“: 14 прикази на случај беа објавени во две посебни изданија на „Граѓански практики“, а кратка содржина од дел од приказите беше објавена и во аналитичкиот извештај од ИГО. Наодите од приказите исто така беа користени за подготовка на извештајот за ИГО.

Во првото издание на приказите, Граѓански практики бр. 12 беа објавени петте прикази кои се однесуваат на граѓанскиот ангажман. Второто издание или Граѓански практики бр. 13 ги опфати петте прикази за влијанието и околината на граѓанските организации.

Изданијата беа објавени на македонски, албански и англиски јазик на компакт-диск, а се достапни и на веб-страницата на МЦМС.

Периодот на спроведување беше 15 октомври 2010 г . до 30 јуни 2011 г.

Одговорна за проектот беше Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите беа вклучени повеќе соработници.

Директните трошоци за проектот изнесуваа 818.158 денари.

Извршно резиме од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Прикази на случај за граѓанското општество