Профил на организации, институции и проекти за рурален развој - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Профил на организации, институции и проекти за рурален развој PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 09 tetor 2009 13:45

Р. Македонија влезе во нова фаза во евроинтеграциските процеси со стекнување статус на земја кандидат за полноправно членство во Европската Унија со што доби право и можност да ги користи претпристапните фондови на Европската Унија за поддршка во исполнувањето на критериумите за членство.

Една од компонентите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е руралниот развој. Во моментот, македонскиот земјоделски и рурален сектор се соочува со значајни предизвици, во однос на можностите за квалитетно земјоделско производство, конкуренцијата од регионалните, од европските и од меѓународните пазари, начините на подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини, отворање нови работни места итн.

Во таа насока, важен е ефективниот и добро координиран одговор на институциите на државата при креирањето на соодветната земјоделска политика, прилагодувањето на законската регулатива и реформите во јавните институции. Меѓутоа, во овој процес исклучително потребно и важно е мобилизирање на сите други релевантни актери кои директно или индиректно влијаат во земјоделскиот и во руралниот сектор.

Овој потфат на МЦМС е во таа насока, да ги стави на едно место актерите односно организациите и институциите кои се активни во руралниот развој и нивните проекти со што би се добила посеопфатна слика на она што се случува во руралниот развој во Македонија.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници.

Цел на проектот е изградена (зајакната) јавна поддршка за руралните општини и заедници и подобрена информираност на целокупната јавност со актерите и проектите за рурален развој.

Целна група на проектот се единиците на локалната самоуправа, здруженија на граѓани, локални и меѓународни заедници и институции (целокупната јавност во Македонија).

Директни корисници на проектот се руралните заедници.

Целното подрачје е целата територија на Република Македонија.

Очекувани резултати се: подготвен и објавен Профил на организации, институции и проекти за рурален развој; подготвени 2-3 анализи (policy papers) кои ќе се базираат на собраните информации во публикацијата. Профилот ќе биде достапен во печатена и електронска верзија, на македонски и на албански јазик.

Публикацијата „Профил на организации, институции и проекти за рурален развој“ ќе опфати два типа информации: 1) информации што го дават профилот на организацијата (назив, контакт информации, информации за органите на управување, целите на организацијата, буџетот и буџетот за рурален развој) и 2) информации за спроведените проекти за рурален развој во последните 5 години (назив на проектот, локација – каде е спроведуван, краток опис на проектот, постигнати резултати, буџет, донатор).

Анализите (policy papers) ќе бидат подготвени врз основа на прибраните информации за публикацијата. Анализите ќе се однесуваат на: општа слика на актерите активни во руралниот развој, расположливи буџети за рурален развој, обем на спроведени проекти за рурален развој во последните пет години, локација на проектите, намена на проектите, најчести практики и сл.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: дефинирање на содржината на Профилот; покана за учество во Профилот (печатени медиуми, веб страни, директна комуникација и др.); подготовка на прашалник за прибирање на информациите; подготовка на прелиминарна листа на организации и институции; ангажирање анкетари и обука за прибирањето на информациите; прибирање информации на терен; внесување на информациите во база на податоци; подготовка на публикацијата; подготовка на анализите; промоција на публикацијата.

Публикацијата ќе се печати во тираж од 300 примероци на македонски и 100 примероци на албански јазик и ќе се дистрибуира бесплатно до организациите и институциите што се дел од неа, општините и до медиумите.

Основната претпоставки за реализирање на целите во рамките на проектот се подготвеноста на организациите и институциите да одговорат на повикот и се согласат да ги споделат информаците за нивната работа.

МЦМС има одговорност за управување и спроведувадње на проектот.

Посебен ризик за навремената и успешната реализација е краткиот временски период за спроведување на проектот.

Временскиот период на спроведување е 13 мај – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 760.000 МКД (директни трошоци). МЦМС обезбедува 760,000 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Профил на организации, институции и проекти за рурален развој