Обука низ работа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука низ работа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 23 korrik 2008 13:42

Балканскиот регион, што ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Србија (вклучувајќи го Косово), Црна Гора и Македонија, во минатите десет години се најде во ситуација на дестабилизација и транзиција. Домашните и меѓународните напори значително придонесоа за надминување на овој период. Сепак, и покрај овие напори, ситуацијата и понатаму останува деликатна.

Граѓанското општество во регионот останува слабо, за навремено и ефективно одговарање на потребите на целните групи. Систематскиот развој на граѓанското општество и неговата улога, посебно во однос на јавниот сектор останува приоритетна потреба. Соработката меѓу јавните институции и ГО се уште не може да гарантира непристрасна распределба на улоги и ресурси.

Капацитетите на ГО за соработка со медиумите како битен актер и канал за комуникација со јавноста и нивната поддршка се слаби. Вмрежување, размена на информации, искуства, застапување и лобирање како и други видови на меѓу-секторска и преку-гранична соработка се мали, односно се на ад-хок ниво. Кон обидите за соработка и координација се пристапува со недоверба. Во ситуација на намалување на финансиската поддршка, ГО се гледат како конкуренција. Постоечката преку-гранична соработка е ограничена и разделена врз база на исти донатори, методологии и сектори на дејствување. Вмрежување со ГО и мрежи надвор од регионот е исто така слабо, посебно со тие во ЕУ земји (со исклучок на односи со донатори).

Целта на овој проект беше да ги подобри индивидуалните и организациските капацитети на БНТ членките во премостувањето на финансиските ограничувања преку подобрените вештини и знаења за методи и техники во мобилизацијата на ресурси.    
Целна група беа БНТ членките (ACFS, DA - Албанија, МЦМС - Македонија, PF, WAD - Бугарија, NIT, EOS - Хрватска, EHO - Србија AIDROM, OAR - Романија, WAWY - Косово, CRNVO – Црна Гора) и други релевантни граѓански организации во регионот.

Со стекнатите информации и вештини преку обуката низ работа и бирото за помош (во делот за ЕУ) организациите учесници имаат подобрен пристап до ЕУ институциите, процесите, финансиските можности и мрежи. Бирото за помош (во делот за јавен дијалог) резултираше и во подобрени информации и вештини за вршење влијание врз политки и стратегии релевантни за работата на граѓанските организации.

Проектот се состоеше од две активности. Првата беше организација на обука низ работа (on-the-job тренинг). Обуката се спроведуваше во рамките на веќе постоечка активност на ЕЦАС од Брисел. Објавен беше отворен повик до членки и ГО во регионот со однапред одредени критериуми. За потребите на активноста беа избрани 5 кандидати (од по една на земја), који престојуваа во ЕЦАС по еден месец. Обуката траеше од март до декември (по следниот редослед: Македонија-март, Албанија-септмеври, БиХ-октомври, Србија-ноември, Хрватска-декември). Извештаите од сите кандидати се објавени на интернет страните на БНТ и ЕЦАС.

Втората активност беше воспоставување и водење Биро за помош од страна на ЕЦАС (за ЕУ) и ЦНВОС (за граѓански дијалог). Бирото беше промовирано од ГО во регионот преку БНТ интернет страна, билтен и неделни вести. Дополнително, учесниците на обуките организирани во рамките на други проекти беа контактирани индивидуално за можностите што ги нуди бирото. ЕЦАС и ЦНВОС подготвија примери на прашања и одго-вори и тие се објавени на БНТ интернет страна.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Обука низ работа