Раководење со Секретаријатот на БЦСДН - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со Секретаријатот на БЦСДН - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

БЦСДН е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Рома-нија, Словенија и Србија). Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитетите на организациите-членки и останатите партнери во Југоисточна Европа. МЦМС раководи со програмата и Секретаријат на мрежата.

rmb101Целта на проектот е да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка и да го зајакне влијанието на граѓанските организации на Балканот.

Целна група се членките на BCSDN (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AID-Rom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), други релевантни граѓански организа-ции и јавноста.

Главната активност на проектот е раководење со Секретаријатот на БЦСДН. Раководењето на Секретаријатот ги подразбира следните задачи:

  • координација и дневно управување на активностите на мрежата;
  • раководење со проектен циклус на заедничките проекти;
  • одржување комуникација меѓу/со членките и телата на мрежата;
  • одржување комуникацијата со другите актери;
  • собирање и дистрибуција на релевантни информации за членките преку одржување на веб-страната www.balkancsd.net;
  • овозможување и промоција на соработка со надворешни актери;
  • поддршка на телата на БЦСДН и на заедничките инцијативи на членките (вклучи-телно и годишен состанок на Управувачката група);
  • други задачи во договор со Управувачката група на мрежата.

Активностите на проектот се состојат и во обезбедување услови за функционирање на Секретаријатот, чиј домаќин (раководител) е МЦМС. Секретаријатот ќе го сочинува едно лице со полно работно време, односно координатор и едно раководно лице со четвртина (1/4) работно време. Средствата кои се наменети за функционирање на Секретаријатот се однесуваат на: плата, консултации, транспорт, комуникации, канцелариски трошоци, имот и финансиски трошоци.

Задачите се дефинирани врза база на договор за управување со БЦСДН Секрета-ријатот меѓу МЦМС и Управувачка група потпишан на трет состанок на Групата во Букурешт, Романија на 7-8 април, 2006 година.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Раководење со Секретаријатот на БЦСДН - извршно резиме