Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

orr101Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на грѓанскоот општество.

Активностите предвидени со овој проект се следниве: Финансиски советувања за граѓански организации, Проект менаџмент за максимални постигнувања, Односи со јавност, Стратегија за успех, Раководење и развој на човечки ресурси, Напреден менаџмент, Добро владеење/Управување во граѓански организации, Финансиско раководење за почетници, Застапување и лобирање.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните цели се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките; Другите актери на граѓанското општество се мотивирани за развој на организациските капацитети.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општата цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Активностите преземени од другите ГО, од државата и другите актери од областа на граѓанското општество се комплементарни со проектот и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од ЕЕД како и од сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.

Временскиот период на спроведување е 01 февруари – 20 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 2.250.000 МКД (директни трошоци).

 

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - извршно резиме