Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот беше: Развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

orr101_copyЦел на проектот беше: Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот беше: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на грѓанскоот општество.

Временски период на спроведување на проектот беше 01 март-15 декември 2008 г.

Активностите предвидени со овој проект беа следниве: Финансиски советувања за граѓански организации, Проект менаџмент за максимални постигнувања, Односи со јавност, Стратегија за успех, Раководење и развој на човечки ресурси, Напреден менаџмент, Добро владеење/Управување во граѓански организации, Финансиско раководење за почетници, Застапување и лобирање.

Во текот на 2008 година, од планираните активности се реализираа: Финансиското советување за ГО, Обука за односи со јавност, Стратегија за успех, Раководење и развој на човечки ресурси.

Финансиското советување за ГО се одржа во хотел Континентал во Скопје и на него учествуваа 36 претставници од различни здруженија на граѓани од Република Македонија. Консултанти на советувањето беа: Роза Маневска од УЈП, Александар Бужаровски, независен консултант, Славко Лазовски, Министерство за финансии и Николаки Миов, Ревизорска куќа ЕФЕКТ ПЛУС, Скопје.
Обуката за  односи со јавноста се одржа од 28 до 31 мај 2008 год. во хотел Континентал во Скопје. Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Грамоз Шабани од МЦМС, а на неа присуствуваа 8 учесници од различни здруженија на граѓани од Република Македонија.

Обуката Стратегија за успех се држа од 05 до 08 јуни 2008 год. во хотел Гарден во Охрид. Обуката ја спроведоа Фатмир Битиќи од МЦМС и Билјана Стевановска, надворешен обучувач, а на неа присуствуваа 13 учесници од различни здруженија на граѓани од Република Македонија.

Обуката Раководење и развој на човечки ресурси  се одржа од 26 до 28 јуни 2008 год. во хотел Белведере во Охрид. Обуката ја спроведа Сунчуца Саздовска од МЦМС и Весна Димовска, надворешен ко-обучувач, а на неа присуствуваа 10 учесници од различни здруженија на граѓани од Република Македонија.

Заради малиот број на пријавени кандидати, не се одржаа обуките: Проект менаџмент за максимални постигнувања, Напреден менаџмент, Добро владеење/Управување во граѓански организации, Финансиско раководење за почетници и Застапување и лобирање.

Во рамките на активностите поврзани со односите со јавност, сите обуки беа  огласени во јавните гласила Дневник, Време и Коха , беа објавени по веб страниците на МЦМС www.gragjanskisvet.org.mk и www.mcms.org.mk., а беа огласени и на електронската мрежа ДАТА БАНК. Освен ова, МЦМС го промовираше своите обуки и на манифестацијата Денови на образование.

Гонце Јаковлеска и Грамоз Шабани, одговорни соработници во Одделението за информации изработија стории/интервјуа со учесниците, и истите беа обајвени на web страната на МЦМС.

МЦМС имаше одговорност за спроведување на проектот, наративно и финансиско известување и обврски за ревизии, кон донаторот ЕЕД, според договорот за грант 2008-2010  (проект бр. 20070369G/2007.7580.9).

Со цел што е можно поточно и поконкретно да се евалуираат специфичностите на спроведените обуки, за времетраењето на обуките се спроведоа евалуации преку стандардна форма на прашалници. Според податоците од овие прашалници учесниците добро го оценуваат стандардот на организацијата на обуката, како и компетентноста и стручноста на обучувачите. По сите обуки високо беа оценети и јасноста, разбирливоста и корисноста на содржините на обуките.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 887.867,00 МКД (директни трошоци).

 

Извршно резиме од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Редовни обуки за развој на капацитетите на ГО