Време: Жители од 15 града ќе пишуваат до Советот на Европа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Жители од 15 града ќе пишуваат до Советот на Европа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 mars 2004 01:00

Во 15 града низ Македонија од вчера продолжи кампањата „Кажи: Македонија!“, во која граѓаните испраќаат пораки до Советот на Европа против документот со кој македонскиот народ, јазик и култура се нарекуваат „словенски“. Кампањата ќе трае до петок, најавија организаторите.

Граѓани на Тетово, Куманово, Битола, Велес, Штип, Радовиш, Гевгелија, Кичево, Прилеп, Виница, Делчево, Македонска Каменица, пет дена ќе испраќаат картички и ќе се потпишуваат на протестното писмо. На посебни штандови ќе се делат разгледници и ќе се продаваат марки. Граѓаните ќе ги оставаат картичките во две кутии - едната на адресата на Советот на Европа во Стразбур, другата до Канцеларијата во Скопје. На крајот на неделата организаторите ќе оценат колку граѓани учествувале во акцијата.

Кампањата „Кажи: Македонија“ ја организираат МЦМС, ОХО, фондацијата Отворено општество, Евробалкан, институтите за македонски јазик и за историја и Економскиот институт.

С. С.

Извор: Време (30.март.2004)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Време: Жители од 15 града ќе пишуваат до Советот на Европа