Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Во поглед на прашањата за толеранција и недискриминација, Македонија се соочува со голем недостиг на толеранција. Може да се каже дека ова е причинско-последичен однос помеѓу неефективна држава (недостаток од владеење на право, корупција, неефикасност на државата и високо централизирана држава) и ниско ниво на јавна доверба и јавен дух.

mbd104Нетолеранцијата е особено видлива и раширена кон неколку групи, меѓу кои и Ромите. Битен факт е тоа што дури ни луѓето што се жртви на индиректна дискриминација, вознемирување или друга форма на нееднаков третман, понекогаш не се свесни за тоа. Од една страна, ова е резултат на немање самодоверба, а од друга страна ова се должи на тоа што недостигаат информации и нема свест за правата на еднаков третман.

Од друга страна, цел на образовната политика на секоја земја е да обезбеди социјална кохезија и еднаква можност за стекнување соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да осигура дека истите поседуваат знаење, вештини и ставови кои се во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот. Затоа, образованието мора да биде достапно за секого, без оглед на неговата возраст, пол, религиозна определба, етничка припадност, здравствена состојба, социјална и финансиска положба.

Општа цел на проектот беше придонес кон развивање на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе во Република Македонија.

Цел на проектот беше Придонес кон јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“ и нејзините механизми за застапување и лобирање за недискриминација и еднакви можности на Ромите во областа на образованието, како и за остварување на нивните човекови права и слободи.

Целна група на проектот беа Ромите во Р.Македонија.

Директни корисници беа мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“, Лоби групата за образование и  Лоби групата за човекови права, формирани во рамките на оваа мрежа.

Целно подрачје беше Република Македонија.

Резултати на проектот:

  1. Функционирање на Лоби групата за образование на Ромите и Лоби групата за човекови права;
  2. Видливост на Лоби групата за обазование на Ромите и  Лоби групата за човекови права во јавноста и јавните институции и
  3. Зајакнат институционален капацитет на мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“.

За реализација на целите на проектот, беа реализирани следниве активности: одржување на редовни месечни работни средби на Лоби групата за образование и  Лоби групата за човекови права на Ромите; одржана прес конференција; редовни месечни лоби средби и тематски лоби настани на членовите на Лоби групата со јавните и државни институции од областа на образованието, локална самоуправа, граѓански сектор и други актери  релевантни за оваа проблематика.

За да може успешно да функционираат Лоби групата за образование и  Лоби групата за човекови права на Ромите, неопходно беше јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“, во рамките на која се формирани и функционираат оваие лоби групи. За тоа, во рамките на овој проект се реализираа: интернет презентација и редовно одржување на веб страната на мрежата “Рома 2002“; редовни работни средби на Управниот одбор на  мрежата “Рома 2002“; организациска поддршка за канцеларијата (ревизија, сметководствени услуги, транспорт, канцелариски материјали и сл.)

Временски период на спроведување на проектот беше 01 април - 31 декември 2008 г.

Во рамките на активностите поврзани со односите со јавност, Гонце Јаковлеска и Грамоз Шабани, одговорни соработници во Одделението за информации изработија стории/интервјуа со учесниците, и истите беа објавени во информативните изданија на МЦМС.

Во рамките на овој проект, од страна на одговорниот соработник беа направени два мониторинг средби за следење на обемот и квалитетот на реализацијата на активностите предидени со проектот.

Буџетот на проектот изнесува 1.829.890,00 МКД (директни трошоци).

 

Извршно резиме од проектот.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија