Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 26 shkurt 2014 14:12

Автори: Нурединоска Емина, Огненовска Симона
Дата: 2014 година
ISBN: 978-608-4681-24-3
PDF: izveshtaj_za_ovozmozhuvachkata_okolina_za_razvoj_na_gragjanskiot_sektor_vo_makedonija.pdf

izveshtaj za ovozmozhuvachkata okolina za razvoj na gragjanskiot sektor vo makedonijaИзвештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор го подготви МЦМС и е прв од ваков вид во Македонија. Основа за извештајот е матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор развиена од страна на претставници на организациите членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со поддршка на Извршната канцеларија на БЦСДН и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ). Извештајот претставува дел од серијата национални извештаи од осум земји во Западен Балкан  и во Турција, кои потоа ќе бидат основа за регионалниот извештај.

Извештајот се однесува на периодот од 2010 до 2013 г. и истиот опфаќа три главни области:

  1. Основни загарантирани законски слободи;
  2. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  3. Односот меѓу Владата и граѓанските организации, кои понатаму содржат осум подобласти, 24 стандарди и сто педесет и еден индикатор.

Извештајот е одлична алатка која ќе обезбеди квалитетни податоци, анализа и препораки во процесот на следење на спроведувањето на постоечките, и за поддршка на нови државни политики за развој на граѓанскиот сектор. Тој може да има и улога во новоразвиените Насоки за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите од потенцијани членки на ЕУ 2014-2020.

Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на  граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија