Борба против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Борба против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 25 nëntor 2013 14:37

usaidlogo

borba-protiv-korupcijaОдраз на степенот на демократија во едно општество е способноста на државата да овозможи доследно почитување и владеење на правото. Иако уставните одредби, за ко ни те и големиот број ратификувани меѓународни акти укажуваат на постоење солидна и фер законска регулатива, проблемот во Македонија е нивното недоследно почитување и спроведување. За ова постојат повеќе причини, но главните се корупцијата, организираниот криминал, непрофесионалната администрација и недоволно ефикасните судски институции. Покрај овие видливи и многу често посочувани причини, исто така значајно е и несистемското вклучување на граѓаните (и граѓанските организации) во креирањето на јавните политики во државата, особено во политиките кои ги утврдуваат главните општествени приоритети. Дополнително, од Република Македонија се почесто се бара да го усогласи владеењето на правото со европските стандарди, а корупцијата да биде детално истражена со цел истата да биде соодветно превенирана и сузбиена.

Општа цел на програмата е придонес кон демократска Македонија без корупција.

Цел на програмата е зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓа ните   за барање повеќе отчетност кај институциите како и   придонесување кон нивен повисок нтегритет.

Целна група се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се граѓанските организации од Македонија и од земјите од регионот (Југоисточна Европа), органите на државната управа, медиумите и пошироката јавност. Целно подрачје е целата територија на Република Македонија, а дел од активностите имаат и регионален карактер, односно ги таргетираат земјите од Западен Балкан и Турција.

Очекувани резултати на програмата се:

  1. Спроведена детална и систематска анализа на состојбите и динамиката на корупција;
  2. Зголемени капацитети на граѓанските организации за следење и борба против корупција;
  3. Зголемено влијание на граѓанските организации во креирањето и следењето на политики;
  4. Зголемена свест на граѓаните за борба против корупција.

Активности преку кои ќе се спроведе програмата се:

1.1. Спроведување на Системот за следење на  корупција (ССК);
1.2. Организирање на форум за  јавни политики за борба против корупција;
1.3. Развивање на акциски планови за борба против корупцијата во ризични области;

2.1. Јакнење на капацитетите на граѓанското општество за борба против корупцијата;
2.2. Создавање на рамка за соработка и вмрежување на граѓански организации во борба против корупцијата;
2.3. Учество во регионална платформа за борба против корупцијата;

3.1. Следење на учество на јавноста во процесите на подготовка на закони: Огледало на Владата;
3.2. Проценка на ризик од корупција во поединечни државни институции;
3.3. Прикази на случаи на корупција;
3.4. Развивање на алатки за транспарентен буџет и набљудување на трошење на јавните средства;

4.1. Информирање на јавноста за состојбите и динамиката на корупцијата;
4.2. Јакнење на свеста на граѓаните за корупцијата;
4.3. Поттикнување на новинари за истражувачки стории како алатка за борба против корупцијата.

Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример: извештај за состојбите и динамика на корупцијата во Македонија; акциски планови за конкретни активности во борбата против корупцијата; обуки за следење на корупција; акциски план на мрежата на граѓански организации за заедничка борба против корупцијата; извештај за проценка на ризик за корупција на институции; веб сајт за транспарентен буџет; веб сајт за подигнување на свеста за „цената” на ситната корупција; кампањи за јакнење на свеста на јавноста за корупцијата, итн.

МЦМС ќе ја спроведе програмата во партнерство со Институтот за демократија Социетас Цивилис, Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).

Периодот на спроведување е 1 јануари 2013 г. – 30 април 2016 г.

Најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од УСАИД (84,5%). Средства за кофинансирање се обезбедени и од Европската Унија и организациите вклучени во програмата.

Буџетот изнесува  32.372.000 МКД.

 

Тековни проекти:


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Борба против корупцијата