Утрински весник: Опаѓа популарноста на ВМРО-ДПМНЕ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Опаѓа популарноста на ВМРО-ДПМНЕ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 06 shkurt 2008 01:00

Најновото истражување на МЦМС кое работеше на испитување на степенот на општествената одговорност на граѓаните покажа пад на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а промената на процентите одат во прилог на СДСМ. На прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја“ 19,3 од испитаниците одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,2 процента се изјасниле за опозициската СДСМ. За споредба, претходната сондажа на ИРИ покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка кај 26 проценти од испитаниците, додека нејзиниот опонент СДСМ имаше 11 проценти.

b40df4854ac4244dacc7e2256c83a099

И кај двете поголеми партии на Албанците е забележано приближување на процентот на доверба на граѓаните. Пад на рејтингот бележи опозициската ДУИ, за која се изјасниле седум проценти од испитаниците, што во однос на претходното истражување, кога имаше доверба од 11 проценти, е помалку за четири отсто. Пораст на рејтингот бележи ДПА со доверба од 6,3 проценти, што во претходното истражување покажа пет отсто.

08968731865d0f4ba6a268f594cdfd1e

НСДП има доверба кај 2,1 процент од испитаниците, потоа ЛДП со 1,6, а исто толку проценти има и ПДП. Ваквите поместување на скалилото на рејтингот различно се толкуваат. Според опозиционерите, тоа се должи на се' поголемите неуспеси на ВМРО-ДПМНЕ, додека, пак, од партијата на Никола Груевски сметаат дека станува збор за наместена анкета.

„Една година Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ни се фалат со рејтинзите. Еве, последното истражување покажува дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично опаѓа за 19 проценти, а рејтингот на СДСМ е пораснат за над 13 проценти. Растат цените, има неуспеси во економијата, нема никаков план за излез од тешката состојба, има седуммина министри во оставка“, вели координаторот на пратеничката групата на СДСМ, Јани Макрадули.

„Ова е четврта последователна анкета на која ВМРО-ДПМНЕ го губи својот рејтинг и многу скоро ќе се случи популарноста на опозицијата да ја надмине популарноста на партијата на Груевски“, истакна Андреј Жерновски од ЛДП.

Според пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, анкетата е нарачана, бидејќи, како што вели, спроведена е од невладина организација блиска до СДСМ, а прашањето „Која партија ја чувствувате како своја“ е трик-прашање. „МЦМС е близок до СДСМ и затоа не не' изненадува оваа анкета“, вели Николовски.

Сашо Клековски од МЦМС вели дека истражувањето не е наменето за утврдување на рејтингот на партиите. „Со тоа прашање сакавме да утврдиме на која идеологија припаѓа испитаникот и со тоа да ги анализираме нивните одговори и да видиме дали постојат разлики во ставовите од идеолошка гледна точка“, вели Клековски.

Во истражувањето на МЦМС граѓаните се изјаснија и за решавањето на општествените проблеми. Мнозинството испитаници, 52,9 отсто, сметаат дека одговорноста треба да ја понесе државата

Анкетата е спроведена во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.607 испитаници.
Извор: Утрински Весник (6.Февруари.2008)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Опаѓа популарноста на ВМРО-ДПМНЕ