Утрински весник: Издавањето визи под мониторинг - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Издавањето визи под мониторинг PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 11 qershor 2008 01:00

Македонските граѓани од вчера ќе можат да се пожалат или да се пофалат на работењето на амбасадите на земјите од ЕУ во Македонија, т.е. спроведувањето на визното олеснување кон нашата земја и тоа да биде забележано и потоа презентирано пред европските институции. Инфотелефонскиот број 02/3065 381 и анкетари пред одбрани амбасади ќе ги распрашуваат барателите на визи како се спроведува либерализацијата која стапи во сила на 1 јануари.

40f0758ac981de4282080f18b35c0d4f

Спроведувач на проектот за Македонија е невладината организација Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), како дел од регионалниот проект, кој во исто време и на ист начин ќе се оствари во уште четири држави - Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. „Целта на проектот е да се види дали во практика се исполнува олеснетиот режим за одредени категории граѓани, од кои, според ЕУ, би требало да бенифираат 80 проценти од населението“, изјави Александар Кржаловски, заменик-директор на МЦМС.

Анкетата пред амбасадите и инфолинијата, која ќе биде отворена до крајот на септември, но е можно и подолго, треба да ја подобрат информираноста на граѓаните за олеснетиот визен режим, но и да ги регистрира искуствата на граѓаните при вадењето визи во амбасадите на земјите од ЕУ - во овој случај Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција. Според претставниците на МЦМС, до крајот на месецов ќе се знаат првичните информации за работењето на амбасадите.

По конечните извештаи од проектот во сите пет држави, во септември ќе биде изготвен заеднички извештај за спроведувањето на визното олеснување во регионот, што ќе биде презентиран во Брисел пред претставници од Европската комисија, Европскиот парламент, Советот на министри и земјите-членки на ЕУ.

Извор: Утрински весник (11.Јуни.2008)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Издавањето визи под мониторинг