Ставови на граѓаните за употребата на насилството [медиуми] - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови на граѓаните за употребата на насилството [медиуми] PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 05 shkurt 2011 12:12

Медиумите ја објавија веста во врска со истражувања за прашања од сопствен интерес, како општествени вредности вклучително и ставот за употреба на насилството.

Над 90% од граѓаните, против акти на насилство и тероризам

Мнозинството граѓани на Македонија мислат дека почитувањето на човековите права, мирот, демократијата и почитувањето на културните различности, се вредностите кои најдобро би ја претставувале Македонија.

Ова се дознава од анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), информира новинската агенција ИНА.

Според оваа анкета, која е реализирана со 1.066 испитаници, 96,4% отсто од граѓаните не ја оправдуваат употребата на насилството заради идеолошки или партиски цели.

Од анкетата исто така се дознава дека 92,5 отсто од граѓаните на Македонија не го оправдуваат тероризмот за ниту една цел. Во овој правец нема разлики врз социо-демографска основа.

Извор: ИНА

Македонските граѓани не оправдуваат насилство за идеолошки цели!

Големо мнозинство граѓани на Македонија, односно 96,4 отсто, не ја оправдуваат употребата на насилство за идеолошки цели (партиски или верски), покажува теренската анкета во домаќинствата што во декември лани на репрезентативен примерок од 1.066 испитаници, ја спровела агенцијата "Рејтинг" на барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Не постојат разлики по социо-демографска основа. Насилство не одобруваат ниту етничките Македонци (96 проценти), ниту етничките Албанци (98 проценти), се неведува во истражувањето.

Извор: Вечер

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Ставови на граѓаните за употребата на насилството [медиуми]