Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 qershor 2010 10:36

МЦМС во соработка со неколку локални организации во текот на мај и јуни организираше информативни настани посветени на новиот Закон за здруженија и фондации.

Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации

Настаните беа организирани во Гостивар, со поддршка на  Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“, во Битола, со поддршка на Форумот за граѓански организации, во Струмица, со поддршка на Центарот за одржлив развој „Порта“, во Велес, со поддршка на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ и во Скопје, а МЦМС ги повика заинтересираните организациите преку јавен оглас.

Целта на настаните беше здруженијата на граѓани и фондации да се информираат и да ги дискутираат новините што ги предвидува новиот Закон.

Присутните се интересираа и коментираа за повеќе прашања што ги уредува новиот Закон. Едно од нив беше пререгистрацијата, потребните документи и информираноста на институциите дека таа треба да биде бесплатна за здруженијата. Исто така се интересираа, во случај на сојуз/коалиција дали при пререгистрација мора прво да се пререгистрираат членките, па потоа сојузот? Учесниците на информативните настани се пожалија и на непознавање на новиот закон од страна на институциите што треба да го применуваат но и од страна на сметководителите.

Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации

Учесниците на информативните настани сметаат дека новината поврзана со правото да се вршат економски активности е многу значајна за граѓанските организации. Интерес предизвика и статусот „организација од јавен интерес“. Учесниците прашаа кога ќе се формира комисијата за утврдување на овој статус но, коментираа и тоа дека се додека не бидат предвидени посебни олеснувања или предности при финансирање во однос на другите организации, овој статус,  значи само обврска на организациите, а не и корист.

Едно од често поставуваните прашања се однесуваше на организациската структура, односно ако организацијата веќе има собрание, претседател и извршен орган, треба да направи нови промени или е доволно само да ја потврди таа структура.

Учесниците се интересираа дали членот 13 забранува и индивидуална поддршка на политички партии, односно членство во политички партии од страна на членови на здруженија и фондации?; Дали законскиот застапник на здружението е орган на здружението или вработено лице?; Дали по престанок на организацијата средствата може да се дадат на физичко лице? итн.

МЦМС сите прашања и коментари ќе ги опфати во Коментарот на Законот што ќе биде подготвен дополнително.

Информативните настани ги посетија 93 учесници.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации