Уште една расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Уште една расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 22 shkurt 2010 09:56

МЦМС, на 16 февруари 2010 година, во своите простории, организираше координативен состанок за предлог-Законот за здруженија и фондации. На состанокот присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации.

Уште една расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации

На координативниот состанок, граѓанските организации требаше да дадат заеднички придонес за подобрување на предлог-Законот за здруженија и фондации.

Присутните дискутираа за повеќе прашања кои се новина во предлог Законот. Од присутните беа истакнати позитивните аспекти како: либерализација на здружувањето за странци и правни лица, можноста за директно занимавање со економски активности, подобрената организациска структура, како и за воведувањето на статусот на организации од јавен интерес што е најголемата новина. Во текот на дискусијата најмногу се разговараше за потребата од подобрување на неколку прашања меѓу кои за непратиското делување, за промената на бројот на основачите на здруженијата, за тоа дали децата можат и под кои услови да бидат основачи на здружение, за намалувањето на основачкиот влог за фондации, за несоодветноста на роковите за известување, за критериумите за стекнување со статус од јавен интерес.

Уште една расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации

Организациите се договорија сите кои имаат коментари да ги достават до МЦМС во вид на предлог амандмани, а потоа заеднички да се достават до Министерството за правда. МЦМС исто така ќе подготви свое мислење и свои амандмани и истите ќе ги направи достапни до сите заинтересирани организации. Заедно со амандманите, до Министерството за правда ќе бие доставен и  записникот од состанокот.

Ана Медарска, ФИООМ; Никица Кусиникова, Конект; Дарко Алексов и Росана Алексоска, МОСТ; Кети Јандриеска Јованова, ХКЧП; Владимир Лазовски и Габриела Алексова, Отворете ги прозорците; Небојша Захариески, Младинска алијанса; Даниела Димитриевска, Македонско женско лоби; Аница Томшиќ-Стојковска, Коалиција сите за правично судење; Димче Велев, Фокус-Велес; Ирина Божиноска, АДИ-Гостивар; Дилбера Камберовска, Даја-Куманово; Петар Бошевска и Јован Мазганески, Еко-мисија; Елена Кочоска, Полио Плус; Несим Велиу, Идеал-Тетово.

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Уште една расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации