Продолжија обуките за недискриминација за претставниците на МВР - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Продолжија обуките за недискриминација за претставниците на МВР PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 28 dhjetor 2009 15:58

На 10 и 11 декември оваа година, во хотелот Континентал во Скопје, продолжи циклусот обуки за недискриминација, како дел од зајакнувањето на капацитетите за недискриминација за претставниците на Министерството за внатрешни работи.

Продолжија обуките за недискриминација за претставниците на МВР

На обуката учествуваа 17 претставници од полициски станици од источниот и од западниот дел на Македонија.

„Сметам дека оваа обука е корисна, иако имам познавања за дел од оваа материја, сметам дека оваа обука во иднина ќе ми помогне во правилно и праведно постапување во мојата работа. Оваа обука беше корисна поради фактот што одредени работи се сметаат за табу теми во нашето општество, но факт е дека човекот се раѓа со човековите права кои треба да се почитуваат во сите периоди од неговиот живот. Ранливите категории се насекаде присутни и наша задача како институција е да им помогнеме да имаат нормален живот во општеството. Посебна значајно е тоа што на оваа обука се присутни високи раководни кадри кои стекнатото знаење може да го применат и во своите полициски станици, односно да им укажат на своите соработници правилно да постапуваат во случаите. Овој тип на обука треба исто така да се применува и на пониски по ранг позиции во МВР, односно на оние службеници кои се во директен контакт со граѓаните“, ни кажа Митре Тримчески од СВР Гостивар.

Продолжија обуките за недискриминација за претставниците на МВР

И за Насер Камбери од СВР Тетово обуката беше корисна. „Обуките треба да се одржуваат покрај за претставниците на МВР и за државната администрација, бидејќи и тие се во директен контакт со граѓаните и кај нив најчесто се јавува дискриминацијата врз граѓаните. Стекнатите знаења од оваа обука ќе ги пренесам на соработниците од понизок ранг и секако од моја страна ќе бидат применувани во секојдневната работа, со цел праведно постапување кон граѓаните“, додаде тој.

Учесниците, во двата дена обука, имаа можност да слушнат и да разговараат за перцепциите, стереотипите и предрасудите, за дискриминацијата, за ранливите групи, а го погледнаа и филмот „Треба да знаеш за мене“, направен од страна на здружението ХОПС, опции за здрав живот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Продолжија обуките за недискриминација за претставниците на МВР