Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 23 dhjetor 2009 09:22

МЦМС во соработка со општината Јегуновце продолжија со активностите од кампањата „Чиста сметка - здрава вода“. Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за потребата од  индивидуални приклучоци со водомери и плаќање на водата што се користи од новите водоводни системи во општина Јегуновце.

Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце

Во организација на МЦМС, општина Јегуновце и основните училишта од Јегуновце, Жилче и Шемшово во ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце, се одржаа едукативни активности во цртање, литература и квиз на тема „Водата – живот значи“. На овој настан земаа учество околу четириесетина ученици.

„Водата е живот на секој човек од целиот свет. Секоја капка вода вреди цело богатство, но за жал во нашата земја и нашата околина водата се користи неразумно. Ако луѓето ја немаат оваа вода која неразумно се употребува ќе настанат болести во нашето тело“, напиша во нејзината творба Бранкица Блажевска ученичка од осмо одделение од ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце.

„Водата ја има насекаде во природата. Без неа не можат да живеат ни луѓето, ни животните, ни растенијата. Секоја голтка, секоја капка ни е потребна за опстанок и живот. За жал, многу луѓе во светот немаат пристап до безбедна и здрава вода за пиење и за други потреби. Ајде да обезбедиме доволно количини на здрава вода за пиење. За нас, за вас, за сите. Ајде луѓе, ајде да се спасиме“, напиша Андријана Стојановска од ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце.

„Водата во нашето село не е толку добра. Кога имаме потреба од вода одиме и полниме во некое друго соседно село. Водата која не е исправна може да создаде различни болести. Денес правото за здрава вода е предуслов на правото за живот“, напиша Леонора Јонузи од основното училиште од Шемшово.

Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце

Друга група ученици цртаа на тема „Водата – живот значи“. На крај се одржа квиз, каде учествуваа три екипи од основните училишта од селата Јегуновце, Жилче и Шемшово. Сите три екипи беа успешни во натпреварувањето, каде што немаше поразени. На сите учесници има беа врачени подароци.

За време на кампањата беа одржани едукативни часови во трите основни училишта, каде учениците имаа можност да се запознаат и разговараат за водата на планетата Земја, зошто ни е потребна чиста вода, последиците од штетната вода, употреба на водата итн. Паралелно со едукативните часови се одвиваше и дистрибуцијата на промотивниот материјал од кампањата по домаќинствата во општина Јегуновце, како и информативните средби со жителите организирани во соработка со месните заедници.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Едукативни настани за учениците од општина Јегуновце