Градење капацитети за ЕУ – финансирање |
E shtunë, 10 tetor 2009 15:42 | |||
Општа цел на проектот беше развиени организациски и институционални капацитети на ГО и другите актери на граѓанското општество. Целта на проектот беше да се зајакнат капацитети на ГО за финансирање од фондовите на ЕУ. Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, здруженијата на граѓани и сите други актери на граѓанското општество. Целното подрачје беше Република Македонија и Косово. Проектот се спроведе во Скопје, Велес, Приштина, Призрен, Гнилање, Пеќ и Митровица. Со проектот се постигна следниот резултат: Обучен 201 претставник на ГО, како и на другите актери на граѓанското општество. Проектот се спроведе преку испорака на следните скроени обуки и консултации за подготовка на проекти за фондовите на ЕУ:
Проектот се спроведе во периодот 15 март – 15 декември 2009 г. Претпоставката дека ГО се заинтересирани за развој на вештините и знаењата за пристап до фондовите на ЕУ се оствари во целост. МЦМС го координираше и набљудуваше спроведувањето на проектот. Проектот е финансиран од нарачателите на услугите: КЦСДФ, КААД и општина Велес. Буџетот изнесува 122.810 денари.
|