Поддршка за подготовка на Закон за здруженија и фондации |
E shtunë, 10 tetor 2009 15:33 | |||
Основите за слободно дејствување на граѓанските организации се утврдени со Уставот на Република Македонија Законот за здруженија на граѓани и фондации. Иако овој закон дава добра основа за слободно делување на граѓанските организации, забележана е потреба од осовременување на одредбите и нивно прилагодување на реалните потреби на граѓанските организации и приклучување кон позитивните европски трендови. Поттикнувачка правна и фискална рамка е предуслов за развој на граѓанско општество со домашна поддршка. Квалитетната законска регулатива и нејзиното постојано ажурирање претставува услов и за подобро функционирање на граѓанските организации, за да можат своите капацитети што повеќе да ги искористат за доброто на општеството. Општа цел на проектот е придонес кон овозможувачка околина и поддршка на граѓанското општество. Цел на проектот е партиципативна измена на основната законска регулатива за делување на граѓанските организации. Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија, а локацијата е Скопје и други градови. Очекувани резултати од проектот се: усогласеност на главните засегнати страни за клучните новини кои се предвидуваат во новиот Закон за здруженија и фондации, подготвен предлог на нов закон за здруженија и фондации, подготвени поддржувачки документи кон новиот закон за негова олеснета примена и зајакнати капацитети на одговорните институции. Проектот ќе се спроведе преку следните активности:
Проектот ќе се спроведе во периодот од 1 јуни 2009 до 31 декември 2010 година. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Подготвеност кај институциите за надградување на законската рамка за граѓанските организации; Посветеност на работната група за навремена подготовка на ЗЗФ; Интерес и волја за учество на државните службеници во работилниците; и Активна вклученост на претставниците од граѓанските организации. МЦМС ќе соработува со носителот на подготовката на новиот ЗЗФ, односно со Министерството за правда, како и со членовите на работна група формирана за таа намена. Во соработка со ова министерство и со Одделението за соработка со невладините организации ќе бидат организирани јавните расправи и работилниците. За активностите ќе биде информирана јавноста преку конкретни дописи, соопштенија за јавноста, состаноци, но и објавување на веб-сајтот на МЦМС, на сајтот Граѓански свет и на сајтот на Одделението за соработка со невладини организации и др. релевантни канали за информирање. МЦМС има одговорност за донесувањето одлуки и спроведувањето на проектот. За дел од активностите МЦМС заеднички ќе одлучува со Министерството за правда и со Одделението за соработка со невладините организации (пр. датумите и местата на одржување на јавните расправи; експертите и фасилитаторите на јавните расправи и сл.). Одговорните соработници во МЦМС ќе подготвуваат извештаи за проектот до донаторот и до Управниот одбор на МЦМС. Раководителот на Одделението за граѓанско општество и демократија на МЦМС директно ќе ја следи изведбата на проектот. Проектот е сложен, односно вклучува хетерогени корисници, повеќе организации во спроведувањето, како и буџет поголем од 10 илјади евра. Ризик во проектот е не донесувањето на новиот Закон во рамките на предвидените рокови, или задоцнето донесување што може да влијае на активностите кои се предвидени да се преземаат после донесување на законот како работилници за државните службеници, коментарот на законот и сл. Тоа претпоставува и неможност за реализирање на најголемиот дел од предвидените активности во проектот. Проектот ќе биде финансиран од Службата за црковен развој (ЕЕД). Буџетот изнесува 1.368.000 денари.
|