Битолчани ги изгласаа нивните проекти |
E premte, 17 korrik 2009 12:29 | |||
На 10 јули оваа година, во Битола, се одржа последната форумска сесија од програмата Форуми во заедницата. На оваа форумска сесија битолчани гласаа и избраа проекти , кои ќе се финансираат од буџетот на Програмата „Форуми на заедницата“. Во изминатиот период на реализација на програмата, од повеќе идеи се развија четири проекти од страна на работните групи. Од име на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и на ФЦУ на присутните им се обрати Миодраг Колиќ кој истакна дека е задоволен што процесот успешно се приведе кон крај, но и дека ова е само првата фаза од спроведување на процесот. Втората фаза на реализација на пректите е подеднакво важна како и првата. Од име на спроведувачката организација МЦМС се обрати Грамоз Шабани, а присутните од името на Градоначалникот на општина Битола ги поздрави Евгенија Бекташ Јосифовска. Таа во своето обраќање им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество и придонес кон успешно спроведување на процесот. До последната фаза на форумот се изработија проектите: „Спортски комплекс во училишниот двор во село Кишава“; „Тумбе Кафе-основна инфраструктура“; „Тумбе Кафе како спортско-рекреативен комплекс“ и „Тумбе Кафе како културно-историска знаменитост и можност“. После изјаснувањето на работните маси се сумираа бодовите, каде како прв проект беше изгласан Спортски комплекс с. Кишава со 42 поени. Со проектниот фонд беа покриени и другите три проекти, односно за последно-рангираниот проект „Тумбе Кафе како културно историска знаменитост и можност“ од проектниот фонд недостасуваат уште 1.743.457,00 МКД за негова реализација, претставници на општината Битола ја превзема обврската проектите бидат завршени во целост. Вкупниот проектен фонд изнесува шест милиони денари.
|