Praktika qytetare nr. 11 |
![]() |
![]() |
![]() |
E diel, 29 qershor 2008 13:17 | |||
Автори: Даниела Димитриевска, Викторија Јакимовска, Анифа Демировска и Катерина Николова
Во овој број на Граѓански практики, повторно го отвораме прашањето на положбата на жената во општеството. За воља на вистината, и за среќа, тоа секогаш е отворено. Неговата повторна и повторна актуелизација всушност треба да не однесе од пасивно кон активно отворено прашање. Авторките на текстовите во овој број укажуваат на тоа колку е живо прашањето за положбата на жената во општеството и го гледаат низ повеќе призми. Една до нив е влијание врз политиките и поставување нови прашања на политичките агенди, како да се стигне на агендата, колку е важно обединувањето на жените околу посебна платформа, кои се резултатите, а кои предизвиците, итн. Вториот текст носи и регионална димензија, правејќи споредба на економското и политичко зајакнување на жените во транзициските земји на југоисточна Европа како: Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Македонија. Споредба се прави и во третиот текст. Овој број го носи и текстот кој што ја третира феминизацијата на сиромаштијата и улогата на граѓанските организации и женските групи во нејзиното спречување.
|