Како се спроведуваше Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како се спроведуваше Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 26 maj 2009 08:28

На 20 мај 2009 година, МЦМС организираше презентација на Извештајот за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. На презентација меѓу другите, на присутните им се обратија и Ивица Боцевски, потпретседател на Владата, Стојан Тодоров, генерален секретар на Владата и Ерван Фуере, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Како се спроведуваше Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е основниот документ кој ја регулира соработката меѓу Владата и граѓанските организации, а наедно предвидува и низа мерки кои се однесуваат на одржливоста на граѓанскиот сектор. МЦМС направи анализа на спроведувањето на Стратегијата од почетокот на нејзиното донесување во јануари 2007 година па се до крајот на 2008 година за да го согледа прогресот и да даде препораки до одговорните за спроведување и координирање на Стратегијата.

Извештајот опишува и проучува неколку главни прашања: оценка за спроведување на активностите (квантитет и квалитет) во период од 24 месеци, навременост, позитивни остварувања, тесни грла и клучни потфрлувања.

„Владата е свесна дека учеството на граѓанските организации го поттикнува чувството за граѓанска ефикасност, генерира грижа за колективните проблеми, мобилизира граѓанска акција и го охрабрува формирањето на совесно граѓанство способно да делува за општото добро на сите“, рече на презентацијата Боцевски. „Ние и понатаму ќе ги промовираме овие принципи. Целите кон кои се стремиме е да се унапреди процесот во кој граѓаните ќе влијаат врз  носителите на одлуките и креирањето на политиките но и да ги подобриме начините на кои политичарите се информираат за ставовите и приоритетите на граѓаните.“

Генералниот секретар на Владата се осврна на работата на Одделението за соработка со невладините оргнаизации што претставува чекор кон се поголема институционализација на односите меѓу Владата и граѓанскиот сектор.

Како се спроведуваше Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор

Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере ја потенцираше потребата од поинтензивно спроведување на Стратегијата. Според него иако охрабруваат некои од постигнувањата, сепак, генералната слика не е добра. Тој потенцираше четири прашања за подобрување: 1) Усвојување на новиот закон за здруженија на граѓани и фондации; 2) Подобрување на вклученоста на граѓанското општество во процесот на креирање политики и носење одлуки; 3) Подобрување на спроведувањето на законот за спонзорства и донации и 4) Зајакнување на соработката со органите на Владата.

Извештајот го презентираше Емина Нурединоска од МЦМС. Некои од заклучоците презентирани се:

  1. Клучни постигнувања во овој период се: донесувањето на Законот за волонтерство во искучително партиципативен процес; вклучувањето на граѓанските организации во работните групи за формулација на закони и стратегии кои се релевантни за нивното работење; измените во Деловникот за работа на Владата според кој предлог-законите задолжително треба да се објавуваат на веб-страниците на министерствата; функционирањето на граѓанскиот дневник како алатка за поедноставен пристап на граѓаните до услугите кои ги даваат органите на државната управа.
  2. Цели во кои не е забележан напредок се следните: нема централно воспоставен систем на вклучување на граѓанските организации во процесите на креирање на политиките, нема подобрување на финансирањето на граѓанските организации од страна на државата; не се преземени мерки за развој на граѓанскиот сектор во руралните средини.
  3. Организациската поставеност на Одделението за соработка со невладините организации во рамките на Генералниот секретаријат на Владата секогаш не ја дозволува флексибилноста и потребниот авторитет во хиерархијата на Генералниот секретаријат на Владата за реакција и проактивно дејствување.
  4. Поголемиот дел од спроведените активности се реализирани во ситуација кога постоела финансиска поддршка однадвор или кога за истите има потреба за усогласување со европските и со други меѓународни стандардите или директно со законодавството на Европската Унија.

И покрај заложбите на Одделението за соработка со невладините организации и Генералниот секретаријат на Владата, во отсуство на буџет за реализација на активностите очекувано е потфрлање во реализацијата на планот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Како се спроведуваше Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор