Вмрежување и партнерство |
E diel, 10 shkurt 2008 13:47 | |||
Во светот на висока меѓузависност и поврзаност на различни актери, вмрежувањето и партнерството стануваат едни од најупотребуваните термини и вистински тренд во последно време. Мрежата и партнерството всушност се средство кое ги поврзува луѓето и организациите, ја подобрува комуникацијата и соработката меѓу оние кои делат иста визија, вредности или цел. Основна цел е размена на информации и остварување заеднички активности на инаку независни организации. Вмрежувањето и партнерството не е цел само за себе, туку во основата има остварување на идеи, цели и интереси кои се заеднички за организациите. Во вмрежувањето и партнерствата успехот се должи на неколку принципи: партиципативност, репрезентативност, делегирање, долгорочни цели и планирање, синхронизирање на активностите на организациите и финансиска стабилност (споделување на трошоците). Обуката ќе ви овозможи да ја разберете важноста од градење партнерства, коалиции и мрежи за успешна работа и поддршка, да ги дознаете основите на вмрежувањето, предностите и недостатоците, типовите и структурите на мрежите, да дознаете како да раководите со врските (релациите) и како да ги капитализирате. Содржина Основи за коалиции и мрежи
Чекори во градењето коалиции и мрежи
Преглед на вмрежувањето на национално ниво
|