Санација од штети од поплави во Конче |
E shtunë, 07 shkurt 2009 13:52 | |||
На 4 декември 2008 година, општината Конче беше зафатена од лошо време со поројни дождови што предизвика големи поплави и штети. Оштетени беа голем дел од патната и комунална инфраструктура, дел од индивидуалните и јавни објекти како и сите земјоделски површини. Заради невремето едно лице го загуби животот. Ова предизвика отежнато одвивањето на редовната настава во ОУ Гоце Делчев – Конче. Тоа е единствено централно училиште во општина Конче во кое настава посетуваат 241 ученици од 6 села и тоа: Конче, Лубница, Габревци, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ и Ракитец. Покрај нив, во ова централно училиште работи персонал (40 вработени) кои доаѓаат од три населени места (7 од с Конче, 1 од с.Ракитец и 32 од Радовиш). Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основното училиште. Цел на проектот е создадени услови за нормален пристап и функционирање на училиштето. Очекуван резултат од проектот е санирани патишта и комунална инфраструктура неопходна за нормално функционирање на ОУ Гоце Делчев, с.Конче. Целна група на проектот се ученици од основно училиште. Директни корисници се 241 ученици и 40 лица персонал во училиштето. Активност преку кои ќе се постигне овој резултат е расчистување на насипите од наноси и шут по патиштата, мостовите и пристапните делници со помош на механизација. Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на целта на проектот е: обезбедени се и други финансии за санирање на штетите од поплавите. Претпоставка на ниво на резултат е да сите вклучени актери навреме и квалитетно ги отстранат штетите настанати од поплавата. Информации за проектот ќе се достават до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС и Општина Конче. Општина Конче има одговорност за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ќе ја спроведе општина Конче во блиска сорабока со ОУ Гоце Делчев, ЈКП Лакавица – Конче и ЈП Македонија пат – подружница Штип. Во текот на спроведување на проектите МЦМС ќе врши мониторинг и набљудување на проектните активности. За надгелдување на санационите работи општина Конче ќе ангажиран сопствен стручен надзор кој ќе обезбеди техничко контролирање на изведбата. Можен ризик за спроведувањето на проектот е повторување на невремето за времетраење на активностите за расчистување што може да предизвика нови штети и проблеми во општина Конче. Временскиот период на спроведување на проектот е од 11 до 30 декември 2008 год. Буџетот изнесува 120.000,00 МКД. Средствата се алоцирани од фондот на Проектите за модернизација на образованието (ПМО).
|